Автомобили

Кој е понервозен зад воланот - мажите или жените?

16. декември 2019 - 12:38 | М.С.

Нyndai спроведе ново истражување во кое го испитуваше стилот на возачите, како тие се доживуваат себеси зад воланот и кој пол се чувствува понервозно додека вози- мажите или жените?

Корејскиот произведувач на автомобили во Велика Британија спроведе анкета во која учествуваа 2.000 возачи за да дознае за нивните навики и стил на возење.

Додека 31 процент од мажите се сметаат за возачи на кои може да им се верува, 25 проценти од жените го тврдат истото.

Студијата утврди дека постојат пет типа на возачи:

1. Возач со самодоверба 28%

2. Добар и внимателен 24%

3. Смирен 19%

4. Нервозен 7%

5. Агресивен 7%

Интересно е дека жените за себеси изјавуваат дека се понервозни зад воланот, за разлика од мажите коишто имаат поголема самодоверба, но и почесто прават грешки.

Еве што друго изјавија учесниците во оваа анкета за своите навики во возењето, а вие проценете дали се искрени:

1. 92% од испитаниците рекоа дека никогаш не свираат на други возила во сообраќајот.

2. 42% од возачите велат дека дават предност на автобусот за да се вклучи во сообраќајот.

3. 37% од испитаниците велат дека се заблагодаруваат на другиот возач за позитивниот гест.

4. 20% од возачите признаа дека даваат гас за да поминат на жолто светло на семафорот, пред да се вклучи црвено.

Коментирај