Кој е првиот руски војник кому му се суди за воени злосторства во Украина?

Се појави видео од Вадим Шишимарин (21), првиот руски војник кому му се суди за воени злосторства извршени во Украина.

Станува збор за 21-годишен војник од тенковската дивизија Кантемировскаја, од Московската област.

Тој денеска се појави пред судот во Киев, каде ќе му се суди за убиство на 62-годишен украински цивил. Нему му се заканува доживотна затворска казна за убиството на маж на 28 февруари во селото Чупахивка, источно од Киев.

Според обвинението, војникот, во обид да побегне од украинските војници со украден автомобил, застрелал 62-годишен маж на велосипед кој зборувал на мобилен телефон.

URL

Обвинителството не открива како бил фатен војникот, ниту подетално извести за доказите кои би укажале на воено злосторство. Истрагата ја спроведе Украинската служба за безбедност (SBU).

Меѓународниот кривичен суд (ICC) кон крајот на април објави дека ќе учествува во заеднички тим од украински, полски и латвиски обвинители кои ги истражуваат наводите за наводни воени злосторства од страна на руските сили.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Свет

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе