Кој е Тамим бин Хамад Ал Тани – најбогатиот човек во Катар?

Тој е монарх на Катар, учествуваше во подигање на меѓународниот профил на земјата со организирање спортски настани, а го купи и фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен.

Очите на светот се насочени кон Катар, каде во моментов се одржува Светското првенство, прво во арапскиот свет, а катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани го привлече вниманието на светската јавност на отворањето на Светското првенство.

За време на свеченото отворање на стадионот Ал Бајт, тој срдечно го поздрави татка си бакнувајќи му ја раката, а фотографиите за секунда го обиколија светот. Тој е познат како голем љубител на спортот, а иако Мундијалот во Катар е проследен со критики поради човековите права во оваа земја, тој го окарактеризира како безобразна кампања против неговата земја.

Remote video URL

Катар е управуван од династијата Тани како наследна монархија. Тие се на власт откако Мухамед бин Тани потпиша договор со Британците во 1868 година со кој се признава неговиот посебен статус. Сегашниот емир е Тамим бин Хамад ал Тани, кој ја има речиси целата извршна и законодавна власт според Уставот на Катар, со контрола на судството.

Шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани е емир на Катар. Тој е четвртиот син на претходниот емир Хамад бин Калифа. Тој е владетел на Катар од 2013 година, кога татко му абдицирал од престолот. Тој беше наследник од 2003 година, кога неговиот постар брат, шеикот Јасим се откажа од правото на престолот.

Тој е монарх на Катар, учествуваше во подигање на меѓународниот профил на земјата со организирање спортски настани, а го купи и фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен. Роден е на 3 јуни 1980 година во Доха. Тој е четвртиот син на шеикот Хамад бин Калифа ал Тани и вториот син на шеиката Моза бин Насер ал-Миснед, втората сопруга на Хамад. Високото образование го завршил во Англија. Течно зборува англиски и француски јазик.

Шеикот Тамим ибн Хамад ал Тани има три жени и 13 деца. Катарскиот шеик стапи во својот прв брак во 2005 година. Неговата прва сопруга со која се појавува во јавноста, шеиката Ал Мајаса бинт Тамим бин Хамад Ал Тани, исто така е негова роднина. Имаат две ќерки и два сина. Пред осум години се ожени по трет пат. Неговата избраничка е шеиката Нора бинт Хатал Ал Досари. Третиот брак му донесе три сина и ќерка.

Колективната нето вредност на владејачкото кралско семејство се проценува на околу 335 милијарди долари. Се проценува дека само главата на кралското семејство, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, вреди околу две милијарди долари.

Семејството Тани поседува бројни имоти ширум светот, вклучувајќи го и лондонскиот облакодер Shard, Олимпиското село, стоковната куќа Harrods, Canary Wharf, касарната Chelsea и Емпајер стејт билдинг во Њујорк. Членовите на кралското семејство имаат удел и во банката Barclays, British Airways и Volkswagen.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе