Кој е Томас Шeјфер, новиот шеф на Škoda?

Чешката автомобилска компанија Škoda официјално го назначи наследникот на поранешниот претседател Бернхард Маер.

Позицијата му припадна на Томас Шејфер, досегашен претседавач на одборот и управен директор на Volkswagen во Јужна Африка.

URL

Шејфер стана претседател на управниот одбор на Škoda, а претходно обавуваше функции на различни нивоа во групацијата Volkswagen.

URL

Педесетгодишниот Германец, роден во Марбург, ја почна кариерата во Daimler во 1991 година, каде обавуваше неколку функции во управување со производството и квалитетот, а во текот на кариерата работел во Германија, САД и во Јужна Африка.

Во 2002 година стана член на управниот одбор за технологија во компанијата DaimlerChrysler Малезија, каде последна функција му беше водење на испораките, центрите за потрошувачи и глобалниот xKD бизнис.

Од 2005 до 2012 работел за Daimler во Германија, а во 2011 година неговото главно задолжение било менаџирањето на изградбата на фабриката на Mercedes-Benz во соработка со BAIC во Кина.

Од 2015 година, тој ја имаше функцијата претседател и директор на Volkswagen групацијата во Jужна Африка, задолжен за развој на брендовите на групацијата во суб-сахарскиот африкански регион. За време на неговиот престој таму, тој ги одведе Volkswagen, Audi и комерцијалните возила на Volkswagen до актуелниот рекорден удел на пазарот од 23,5 проценти.

Remote video URL

Шејфер го наследува Маер, кој ја напушти Škoda во јуни откако пет години беше задолжен за надзор на лансирањето нови производи, вклучувајќи ја актуелната понуда на SUV модели. Се шпекулира дека Маер ги вознемирил членовите на управата на групацијата Volkswagen со ширењето на продажбата на клучните пазари за VW, благодарение на пониските цени кои се резултат на помалите трошоци за производство во Чешка. 

Уште не е познато која е стратегијата на Škoda со носењето на кадар како Шејфер, но сигурно е дека Германецот има повеќе од доволно искуство да го зацврсти чешкиот бренд на глобално ниво. Се очекува Шејфер да продолжи со развивање на потенцијалот на брендот кој наидува одличен прием меѓу купувачите, а покрај во Европа, е присутен и на кинескиот пазар.

Тагови
реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе