Кој е Виктор Димовски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност?

Скопје, 11 јуни 2019 (МИА) – Виктор Димовски е назначен за нов директор на Агенцијата за национална безбедност, соопшти денеска владината прес-служба.

Одлуката за назначување на Виктор Димовски на оваа функција е донесена на редовната 139. владина седница.

Виктор Димовски од 2017 година беше државен секретар во Министерството за надворешни работи.

Тој е доктор на политички науки и дипломат од кариера со повеќе од дваесет години дипломатско искуство.

Во изминатиот период бил вонреден и ополномоштен амбасадор на нашата земја во Србија и Црна Гора, како и во државата Израел.

Извршувал и други одговорни должности во Министерството, како помошник министер, државен советник и специјален советник.

Бил Национален координатор на нашата земја во повеќе регионални иницијативи, претседавач на Комитетот на политичките директори на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и претседател на македонскиот дел на Државната комисија за утврдување на границата со СР Југославија.

Во периодот од 2007 до 2009 година Димовски бил директор на Агенцијата за разузнавање.

Владата, на денешната седница, исто така ја констатираше и оставката на директорот на истражниот затвор – Скопје Ѓоко Котевски. На предлог на Управата за извршување санкции за в.д. директор на оваа институција е назначен Есад Рахиќ.

Тој е магистер по безбедносни науки и поранешен претседател на Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата на разузнавање, како и поранешен претседател на Комитетот за одбрана и безбедност при Собранието на Република Северна Македонија.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе