Кој Франц? Оној што ја збуни Ангела Меркел
Германската канцеларка беше снимена како е неверојатно збунета кој е тој Франц што холандската кралица го спомнува, а мисли на Франција.
Пред седиштето на ОН во Њујорк кралицата Максима на Холандија на англиски ѝ објаснуваше на германската канцеларка Ангела Меркел дека разговарала со Франција во врска со правата на жените, но едвај се разбраа.
Меркел помисли дека станува збор за некојси Франц, па ја праша на кој поточно мисли. На англиски Франција се вика Франс (France), додека во Германија постои машко име Франц (Franz). На крајот се изнасмеаја кога сфатија во што е проблемот.