ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Кој го сруши мундијалскиот рекорд на Југославија?

Сите очи се вперени во натпреварите од Светското првенство во Катар. Англија ја започна својата успешна кампања на Мундијалот со 6:2 против Иран во својот прв натпревар. Вчера Шпанија ја „уништи“ Костарика со 7:0. Фудбалските статистики се секогаш интересни, особено кога станува збор за рекорди.

Но, кој е рекордот за најмногу постигнати голови од една репрезентација на еден натпревар на Светското првенство - и како се споредува учинокот на Шпанија вчера со претходни натпревари каде што бројот на голови бил висок?

Ајде да погледнеме.

Рекордот за најголем број на голови постигнати од една страна на еден натпревар на Светско ѝ припаѓа на Унгарија.

Во 1982 година, унгарскиот национален тим играше со Ел Салвадор и му нанесе катастрофален пораз од 10:1.

Remote video URL

Неколку други репрезентации ги добиле своите натпревари на Светското првенство со девет гола разлика, вклучувајќи ги Унгарија против Јужна Кореја (9:0) во 1954 година и Југославија против Заир (исто така со 9:0) во 1974 година.

Што се однесува до најголемиот број на голови во квалификацискиот натпревар за Светското првенство, австралискиот пораз врз Американска Самоа со 31:0 кога се обидуваше да влезе на Светското првенство во 2002 година дефинитивно ја зема титулата.

Remote video URL

Има уште неколку интересни случаи што треба да се забележат.

Во 1954 година, натпреварот на Светското првенство помеѓу Австрија и Швајцарија кулминираше со вкупно 12 гола - со 7 за Австријците и 5 за Швајцарците - создавајќи рекорд за најмногу голови од двете селекции во едно соочување на Светско првенство.

Унгарија има уште еден рекорд - постигна неверојатни 27 гола на Светското првенство во 1954 година, што ја прави земја со најмногу постигнати голови на едно Светско првенство.

Бразил моментално го држи рекордот за најмногу голови на Светските првенства низ годините, со вкупно 229 од 1930 година до денес, според Sporting News.

Легендарниот фудбалер Жуст Фонтен го држи рекордот за најмногу постигнати голови од поединец на еден Мундијал - постигна 13 гола за Франција на шест натпревари на Светското првенство во 1958 година.

Remote video URL
Тагови
реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Фудбал

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Read more

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Read more

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Read more

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Џанг спектакуларно го нокаутира Џојс

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Читај повеќе

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Читај повеќе

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо не доби пенал, па му се налути на судијата

Читај повеќе

Капело објасни зошто Јувентус има предност во трката за Скудетото

Читај повеќе

Дрес од МЗТ за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

Читај повеќе

И Интер добива сопственик од Блискиот Исток?

Читај повеќе

Хамилтон пред Јапонското ГП: Се надевам Ред Бул нема да биде 30 секунди пред сите

Читај повеќе