Кој и како ја запира истрагата за смртта на докторката Јелка Спасовска-Масин?

По шест месеци, Јавното обвинителство сè уште не го расветли случајот за убиството на нефрологот Јелка Спасовска-Масин, која беше пронајдена мртва со убодни рани во својот дом.

Од судска медицина сè уште го немаат доставено дообјаснувањето до Јавното обвинителство на кој начин ѝ се нанесени повредите на докторката Јелка Спасовска-Масин, иако во изјава за „Макфакс“ пред два месеца од таму рекоа дека тој ќе биде доставен за една недела. Ова дополнување, кое е клучно за истрагата, го запира расветлувањето на целиот случај.

„Прибрани се вербални и материјални докази. Се очекува пристигнување на побараното дополнение од Судска медицина, кое е битно за донесување јавнообвинителска одлука за натамошно постапување.

Во насока на расветлување на настанот надлежниот јавен обвинител имаше средба и со блиски членови од семејството на починатото лице“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.

Обвинителството не одговори на прашањето дали се прибрани видеоматеријали од локалните надзорни камери, кои би помогнале во целата истрага. Од Институтот за судска медицина објаснуваат дека им требало време за да дообјаснат како се настанати повредите на телото на нефрологот Спасовска-Масин.

Надлежниот обвинител ја комплетира истрагата, но не кажува кога таа ќе биде завршена за да биде објавен резултатот од неа. Педесет и тригодишната докторка и професорка на Медицинскиот факултет беше пронајдена мртва со убодни рани од нож во својот дом на улицата Елисие Поповски – Марко спроти Клиничкиот центар во Скопје. Истрагата е сè уште отворена.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе