Кој и зошто верува во теории на заговор?

Теориите на заговор не се појавија со пандемијата, 52 години по слетувањето на Месечината луѓето низ различни делови од нашата планета сè уште ги анализираат снимките на Нил Армстронг и тврдат дека јасно гледаат докази дека сето тоа се одвивало во филмско студио.

Во денешното општество се чини дека во последно време работите се отидени предалеку, дека насекаде има теории на заговор и дека сè повеќе луѓе веруваат во бесмислици. Само до август, 2020 година во студија објавена во American Journal of Tropical Medicine and Hygiene е откриено дека постојат повеќе од 2.000 шпекулации и теории на заговор поврзани со коронавирусот, само по 5 месеци од прогласување на пандемијата.

Во момент кога луѓето се двоумат дали да се вакцинираат, а што го одлага завршувањето на епидемијата, се наметнува прашањето зошто луѓето воопшто веруваат во бесмислици како што се теориите на заговор.

„Кога луѓето се чувствуваат загрозено или надвор од контрола, природно е што сакаат да воспостават контрола и ред така што прибегнуваат кон теории на заговор“, вели д-р Џон Кук, еден од авторите на „The Conspiracy Theory Handbook“.

Но, тоа не сè, анкетите чии резултати во јуни, 2020 година ги објави Универзитетот во Кембриџ покажаа дека од 2.500 испитаници дури 25 проценти веруваат во теории за пандемијата.

Друго истражување на Џош Харт, професор по психологија на њујоршкиот Колеџ Јунион покажа дека одредени групи луѓе сепак се повеќе склони во тоа да веруваат во теории на заговор.

„Овие луѓе се сомневаат во сè, недоверливи се, ексцентрични, сакаат да се чувствуваат посебно и склони се да го гледаат светот како опасно место. Тие исто така почесто препознаваат смислени обрасци онаму каде што можеби ги нема. Луѓето кои не веруваат во теории на заговор обично имаат спротивни карактеристики“, истакна Харт.

Во истражувањето на Харт учествувале повеќе од 1.200 возрасни Американци на теми кои се однесуваат на нивните лични особини, политичката ориентација и демографската позадина.

Студија во Кент од 2017 година покажа дека поединци кои веруваат во теории на заговор од нив имаат социјална или егзистенцијална корист.

„Сакаат да веруваат во нешто и се борат за тоа дури и кога разумот им порачува дека тоа не е во ред“, вели д-р Мари Менли, клинички психолог кој се занимава со тоа како теориите на заговор влијаат на човечката психа.

„Ние имаме племенски менталитет поради кој сакаме да припаѓаме на групи. На многу примитивно ниво, тоа прави да се чувствуваме безбедно, како да не сме сами. Како да сме дел од нешто поголемо од нас самите, каде луѓето нè разбираат и ние нив ги разбираме“, објаснува таа, пишува National Geographic.

Дури и кога во реалноста јасно е дека сме во заблуда, луѓето во голем број се склони да се држат до нивните теории на заговор само поради гордост и инат.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Чек дис аут

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more
 

Магазин

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе