Кој ќе биде главниот лик во новиот спин-оф на The Big Bang Theory?

Во април 2023 година, Max соопшти дека ќе снима спин-оф на The Big Bang Theory, но оттогаш многу малку информации се познати за серијата.

Сега конечно се знае кој ќе биде главниот лик на серијата и името на спин-офот, доколку добие конечно зелено светло од Max и започне продукцијата.

Како што пренесува Deadline, главниот лик на спин-офот ќе биде Стјуарт Блум, кого во оригиналната серија го играше Кевин Сасман. Самиот наслов на серијата открива дека Стјуарт ќе биде главниот лик, а името на серијата е Stuart Fails to Save the Universe. Стјуарт ќе биде во центарот на заплетот на спин-офот, но насловот исто така сугерира дека саканиот лик, кој никогаш немаше среќа во оригиналната серија, ќе продолжи да наидува на пречки.

Спин-офот ќе биде во продукција на Chuck Lorre Productions, во соработка со Warner Bros. Television. Доколку биде одобрен за да влезе во продукција, Stuart Fails to Save the Universe ќе биде трет спин-оф во рамките на The Big Bang Theory. Моментално достапни за гледање се Young Sheldon и Georgie & Mandy's First Marriage.

На Кевин Сасман во серијата треба да му се придружат и други познати актери од The ​​Big Bang Theory, вклучувајќи ја Лорен Лапкус, која ја игра девојката на Стјуарт, Дениз, потоа Брајан Позен како Берт Киблер и Џон Рос Боуви како Бери Крипке, пренесува Deadline.

Сепак, бидејќи серијата сè уште чека официјално одобрување, тие сè уште не се официјално потврдени како членови на актерската екипа, туку имаат договори со Warner Bros. Television, што значи дека ќе добијат улоги во спин-офот ако добие зелено светло.

Новата серија е напишана и продуцирана од Чак Лоре, ко-креатор и извршен продуцент на The Big Bang Theory и сите нејзини спин-оф продукции досега, Зак Пен и Бил Пради, еден од креаторите на оригиналната серија.

Тагови
реклама

Колку пати неделно треба да имате секс за да спречите депресија?

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата Франциск цело време одбиваше да ја посети Шпанија?

Read more

Филм & ТВ

Спектакуларно: Фановите одушевени од трејлерот за новиот Predator

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Џо Егзотик се венча во затвор со 28 години помлад маж

Read more

Џилијан Андерсон се враќа во The X-Files?

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Спектакуларно: Фановите одушевени од трејлерот за новиот Predator

Читај повеќе

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Читај повеќе

Џо Егзотик се венча во затвор со 28 години помлад маж

Читај повеќе
  • play_arrow

Џилијан Андерсон се враќа во The X-Files?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кристен Стјуарт се венчаше со партнерката Дилан Мејер на приватна церемонија во Лос Анџелес

Читај повеќе

Џеј Ло во тесен розов комбинезон на тренинг на Ф1: Позираше со тимот на Ферари

Читај повеќе
  • play_arrow

Политиката го засени филмот: Снежана страда поради Гал Гадот

Читај повеќе

„Јон Вардар против Галаксијата“ се прикажува на меѓународниот филмски фестивал во Москва

Читај повеќе