Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги објави кандидатите за наградата The Best што ја доделува на најдобриот играч во светот.
ФИФА воведе една голема промена кога станува збор за гласањето. Досега во изборот учествуваа капитените и селекторите на сите светски репрезентации, но и новинари, а сега навивачите ќе имаат можност да гласаат и за еден од 11-те кандидати.
Интересно, повеќето од играчите на списокот се од Реал - дури шестмина од нив: Дани Карвахал, Федерико Валверде, Џуд Белингем, Тони Крос, Килјан Мбапе и Винисиус Жуниор, кој заедно со Родриго (Манчестер Сити) е главен кандидат за трофејот.
Во конкуренција се Ерлинг Холанд (Манчестер Сити), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Ламине Јамал (Барселона) и Лионел Меси (Интер Мајами), кој минатата година по осми пат во кариерата ја доби оваа престижна награда.
🚨 OFFICIAL: The Best FIFA Men's Player 2024 nominees released tonight. ✨ pic.twitter.com/fWRa8BJhgJ
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 28, 2024
Исто така, ќе бидат наградени и најдобриот играч во светот, најдобар тренер во светот и најдобар голман, дефанзивец, среден бек и напаѓач во двете конкуренции.
Who’d you vote as Best Coach at The Best Awards 2024? ✨🗳️ pic.twitter.com/vkf1m9vrCS
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) November 29, 2024
Заедно со наградата Пушкаш за најдобар гол во машка конкуренција, во женска конкуренција за првпат во историјата ќе биде доделена и наградата Марта во женска конкуренција.
Гласањето на навивачите на веб-страницата на ФИФА ќе трае до 10 декември, а доделувањето на наградите ќе се одржи на почетокот на следната година.