Lamborghini изгледа немоќно покрај американскиот „снагатор“.
За да може класичен SUV да биде побрз од суперспортски автомобил, подлогата мора да биде одлична, но тјунерот е сепак клучен.
Во овој случај, спојот е оптимален, а го сочинуваат Dodge и Hennessey.
Од Америка, веќе сме виделе „ѕверки“ од камиони и џипови на кои не им недостигаат ни сантиметри, ни моќност. Dodge Durango е последниот во низата и не е изненадување што беше вистински бестселер во изданието SRT Hellcat. Кога ќе видите како се справува со Lamborghini, сè ќе ви биде јасно.
Значи, во едниот агол е Aventador, познатиот автомобил на Lamborghini и еден од автомобилите што дефинитивно ја одбележаа последната деценија. Во трката за забрзување, мора да се бори Durango, кој тексашкиот тјунер го опреми со пакетот HPE 1000, што значи 1.027 КС при 6.500 вртежи во минута и 1313 Nm достапни од 4.200 вртежи во минута.
И покрај обемните модификации, Hennessey за секој од вкупно 50-те примероци дава гаранција од 38.600 км (24.000 милји). И да, просторен е и има комплетна опрема. Трошоците за тјунинг се околу 35.000 американски долари.
Погледнете ја трката меѓу суперавтомобилот и теренецот: