Чек дис аут

Кој ќе биде доволно луд да лета со беспилотно такси?

17. март 2017 - 16:03 | А.С.

Во Дубаи е подготвена првата флота елетронски беспилотни такси летала што би требало да почнат да ги услужуваат првите патници во јули, објави CNN.

Овие електрични дронови со едно седиште ги произведе кинеската компанија „Ehang“, а се наречени EHANG 184.

Моментално се тестираат покрај градскиот аеродром во Дубаи.

Владината Служба за патишта и аеродроми (RTA) соопшти дека планот е до 2030 година да развијат автоматски возила од секаков вид.

„Овој проект е дел од владиниот план Дубаи да стане најпаметниот град на светот“, рече директорот на RTA Матар Ал Тајер.

„Патниците треба само да ја одредат дестинацијата на смарт-екранот, а летечкото такси ќе се погрижи за се друго“.

Возните линиии ќе ги програмира центар за управување и летовите ќе бидат под надзор на шифрирана 4G мрежа.

Директорот на авиокомпанијата „Aero Consulting Experts“ Рос Ејмер, кој исто така е пилот, предупреди на прашањето што ќе се случи ако центарот за управување изгуби контакт со дронот.

„Имаме технологија со која можеме да праќаме сигнали до леталото и да го контролираме, но што ќе се случи ако нешто ја поремети работата на таа технологија?“, прашува тој.

„Моето прашање е: Кој ќе биде доволно луд да биде првиот патник?“, заклучува Ејмер.

Коментирај