Хардвер

Кој ќе победи во трката за првиот смартфон со графенска батерија?

26. декември 2019 - 19:45 | А.С.

За графенските батерии се зборува со години, а она што го ветуваат е поголема издржливост, пократко полнење и конечен крај на ерата на литиум-јонските батерии.

Знаеме дека Samsung е една од првите компании кои го тестираа графенот како материјал за батерии, но уште не се појавил уред во кој е применет.

Новата батерија што ја користи оваа нова технологија ќе се полни дури пет пати побрзо од литиум-јонските батерии што се користат во повеќето современи мобилни телефони. Графенот исто така го зголемува капацитетот на батеријата за 45%, што воопшто не е малку.

По своите првични истражувања Samsung откри дека графенот е 100 пати поефикасен спроводник од бакарот, па поради тоа е „совршен материјал за брзо полнење“.

Но, инсајдери во оваа индустрија велат дека Кинезите се поблиску до пласирање на готов производ и тоа уште во првото тримесечје од 2020 година, или попрецизно кон крајот на март.

Дали првиот уред со графенска батерија ќе биде од серијата Huawei P40?

Главниот извршен директор на Huawei навести што може да очекуваме од линијата Huawei P40. Беа спомнати некои важни надградувања во однос на серијата P30, а меѓу нив би можела да биде и графенската батерија.

На францускиот Twitter профил на Huawei беше објавен твит во кој се алудира дека серијата P40 ќе има графенска батерија и дека ќе се полни од 0 до 100% за 45 минути, но тој твит подоцна мистериозно исчезна, што само потврди дека можеби е прерано да се размислува за имплементација на овој материјал.

Коментирај