Филм & ТВ

Кој ќе умре во седмата сезона на „Game of Thrones“?

20. март 2017 - 9:50 | А.С.

Мејси Вилијамс ненамерно откри кој лик ќе умре во седмата сезона од популарната ТВ-серија.

Актерката Мејси Вилијамс кога го игра ликот на Арја Старк во серијата на HBO повторно издаде тајна за иднината на „Game of Thrones“.

На филмскиот фестивал South By Southwest (SXSW) таа ја издаде тајната среде панел дискусија и настана навистина незгодна ситуација. Spoiler alert!

Некој од публиката праша зошто Софи Тарнер (Санса Старк) повторно се вратила на русата боја на коса, а е позната по црвената коса во серијата.

Вилијамс одговори толку брзо, што се чини дека воопшто не размисли што прави, и рече дека Тарнер ја сменила бојата на косата бидејќи „Ќе умре“.

Следеше непријатна тишина и Дејвид Бениоф се потруди да ја смири тензијата.

Тој ѝ рече на Вилијамс да не се секира бидејќи присутните во публиката сигурно не би го прекршиле непишаното правило да не изнесуваат спојлери во јавност.

Се чини не беше во право.

Дали Санса навистина ќе умре во новата сезона? Ќе видиме откако „Game of Thrones“ ќе се врати со следната сезона на 16 јули.

Коментирај