Кој леб е најздрав?

Лебот има одличен вкус, оди со многу јадења, но често слушаме колку е нездрав. Има цели диети насочени кон исфрлање на лебот и другите јаглехидрати од исхраната.

„Гледам многу клиенти кои мислат дека не треба да јадат леб, што е тажно за мене бидејќи лебот е одличен извор на цели зрна“, вели Натали Мокари, диететичарка од Шарлот, Северна Каролина.

„Лебот може да биде дел од урамнотежена исхрана, а јаглехидратите се клучни за добро здравје“, вели таа.

Две до три дневни порции интегрални житарки, кои може да се најдат во лебот, можат да го спречат развојот на дијабетес тип 2, разни кардиоваскуларни болести и рак на желудникот, според студија од 2017 година.

„Потребни ни се јаглехидрати за да функционираме“, вели Мокари. „Тие се храна за мозокот. Ако забележите, секогаш кога немате доволно јаглехидрати, се чувствувате многу тромо“

Пченичен и бел леб

Дали постои вид леб кој е похранлив од другите? Тоа зависи од тоа што барате.

Пченичниот леб нуди повеќе витамини, цели зрна и растителни влакна и има помалку негативен ефект врз шеќерот во крвта, што може да биде корисно за луѓето кои имаат отпорност на инсулин, вели Мокари.

Но, некои луѓе едноставно сакаат бел леб, вели Мокари, и тој може да биде многу здрав.

„Ако сте загрижени за шеќерот во крвта, лебот може да биде дел од балансиран оброк доколку додадете здрави масти и протеини. На пример, ако подготвувате појадок, обидете се да го комбинирате парчето леб со јајца, авокадо или путер од кикирики. Без разлика дали се работи за интегрални житарки или бел леб, важно е да внесувате доволно протеини и масти со него“, вели Мокари, пренесува CNN.

„Поскапо не секогаш значи подобро“

„Цената на лебот може да варира, но секогаш можете да најдете нешто добро без оглед на буџетот што го имате. Поскапо не секогаш значи подобро“, советува таа.

„Доколку сакате леб, јадете го на начин на кој уживате, бидејќи ограничувањето на внесот на храна што ви се допаѓа може да резултира со контраефект, а тоа не е многу среќен начин на живеење“, рече таа.

Културата на здрава исхрана натера многу луѓе да мислат дека ќе се здебелат ако јадат многу леб. Но, јаглехидратите служат за важна цел, а без нив може да се чувствувате тромо и раздразливо.

„Отстранете ја таа стигма за лебот и другите намирници со јаглехидрати и вклучете ги како дел од урамнотежена исхрана“, вели Мокари.

„Треба само добро да се однесувате со вашето тело. Поздраво е да имате нерестриктивен начин на размислување и да го балансирате внесот на леб во текот на денот“.
 

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Read more

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе