Кој месец ќе биде најтежок за вашиот хороскопски знак во 2023 година?

Годишниот хороскоп за 2023 година открива кои месеци ќе бидат најтешки за секој знак.

Годишниот хороскоп за 2023 година најавува дека ќе има многу турбуленции! Астрологот Лиза Стардаст откри кои месеци во наредната година ќе бидат најтешки и ќе му донесат најмногу проблеми на секој хороскопски знак.

Овен - октомври

2023 година ќе биде полна со подеми и падови за Овенот. Додека првата половина од годината ветува финансиско изобилство и промени во кариерата, постои и ризик да се појават неочекувани пречки во текот на октомври. Затоа, подгответе се за настани кои би можеле да ви ги нарушат плановите.

  „Во текот на овој месец ќе има затемнување на Месечината што ќе го погоди Овенот, затоа држете се настрана од големи одлуки и промени во октомври“, предупредува Стардаст. „Оваа година го означува првиот сет на затемнувања во Овен и Вага во следните 18 месеци, па очекувајте го неочекуваното!“

Бик - април

Оваа година Биковите конечно ќе се вратат на вистинскиот пат во професионалниот живот, но тоа нема да се случи без некои ситни сопки. Имате добри можности, бидејќи затемнувањата во вашите знаци затвораат некои проблеми кои ве мачат. Сепак, три од четирите ретроградни движења на Меркур оваа година ќе бидат во земјените знаци, вклучително и поголемиот дел од април во вашиот знак. Затоа очекувајте комуникацијата да биде особено напната.

„Најдобро е да се придржувате до воспоставената рутина и да избегнете какви било ризици за време на оваа транзиција“, сугерира Стардаст.

Близнаци - ноември

За Близнаците оваа година работите се движат со молскавична брзина. Иако имате тенденција да цветате во хаос, важно е да не ги игнорирате вашите граници. Всушност, големи се шансите да „прегорите“ во ноември кога полната Месечина во вашиот знак конечно ќе ги извади на површина сите тие потиснати чувства.

„Полната Месечина кај Близнаците ќе го принуди овој социјален знак да се соочи со сите проблеми што ги избегнува во личниот живот“, вели Стардаст.

Рак - декември

Ракови, оваа година ќе имате многу можности. Тешко е да се каже дека ќе имате навистина лоши месеци, бидејќи вие сте еден од најсреќните знаци во 2023 година. Првата половина од годината е одлично време да го промените начинот на живот, а можеби дури и да се зближите со некого. Летните месеци ќе донесат неверојатни можности за финансиски успех и професионално признание, особено во текот на август.

Сепак, на крајот на годината ќе станете особено емотивни и носталгични, поради што ќе имате потреба да се дистанцирате од другите, па така расположени ќе влезете во 2024 година.

Лав - февруари

Лавови, има што да очекувате оваа година. Врската ви се вжештила и постои шанса да ја подигнете на повисоко ниво. Но, постојат два главни периоди кои ќе ја тестираат силата на вашата врска. Првиот и најексплозивниот доаѓа во февруари, додека вториот драматичен момент се случува налето. Подгответе се за вистинска сапуница!

„Февруари може да биде огнен за Лавот бидејќи Венера во Овен предизвикува некои стари чувства на гордост да излезат на површина“, вели Стардаст. „Полната Месечина во Лав може да ја отвори вратата за ваш поранешен партнер да се врати во вашиот живот неколку дена по Денот на вљубените.

Девица - август

Годината со која се збогуваме беше напорна за Девиците, а за среќа, 2023-та изгледа ќе биде многу помирна. Раните зимски месеци во 2023 година ќе бидат одлични за организирање на вашите планови за новата година. Сепак, постојат три ретроградни движења на Меркур во земјените знаци кои ќе ве „извадат од такт“. Најстресно ќе биде во август.

„Без сомнение, најтешкиот месец во годината за сите, а особено за Девицата е август“, вели Стардаст. Планетарниот владетел на Девица, Меркур, ќе оди ретроградно во овој знак во текот на крајот на годината, нарушувајќи ги сите важни планови.

Вага - септември

Ваги, оваа година ќе ги стави вашите нерви на тест. Балансот е една од најважните работи за вас, а 2023 година ветува дека ќе направи сè да ве исфрли од рамнотежа. Можете да очекувате релативно мирен и среќен почеток на годината, особено во однос на кариерата и финансиите. Сепак, големи се шансите да преземете повеќе обврски отколку што можете да поднесете и да „прегорите“ до крајот на летот. Доколку не внимавате, полната Месечина во септември во Овен конечно ќе ве принуди да се соочите со вашите проблеми.

„Во текот на овој месец ќе ви биде тешко да воспоставите рамнотежа меѓу можностите и очекувањата, поради што ќе се чувствувате лошо.

Скорпија - мај

Скорпија, оваа година е важна за вас, затоа подгответе се за многу пресврти. Затемнувањата кои ви правеа проблеми во последните две години ќе завршат оваа година и конечно ќе го отстранат притисокот. Сепак, мај ќе биде многу хаотичен.

„Ретроградноста на владејачката планета на Скорпија, Плутон, ќе ве натера да побарате заштита, а да не зборуваме дека затемнувањето на Месечината во вашиот знак на 5 мај ќе донесе некои големи емоции и потенцијална драма на површина“, вели Стардаст.

Стрелец - јули

Стрелци, оваа година ве очекува многу личен раст и триумф. Но, прво треба да се соочите со проблемите. Повеќето од деновите ќе бидете оптимисти, крајот на годината ќе биде особено поволен, но за време на летните горештини подгответе се за проблеми.

„Најтешко ќе ви биде во текот на месец јули, бидејќи ретроградната Венера во Лав ќе ве попречи во романтичните потфати“, објаснува Стардаст. „Проблем ќе има и со финансиите, затоа треба да избегнувате претерано трошење. Би било мудро да се потрудите да штедите“.

Јарец - јануари

Јарци, оваа година ќе биде напорна за вас. За жал, 2023 година започнува со континуиран ретрограден Марс кој ќе донесе тешки вибрации и ќе ја забави вашата мотивација. Дополнително, ретроградниот Меркур во вашиот хороскопски знак ќе ве остави да се чувствувате збунети додека не дојде февруари.

„Забавете ги работите и избегнувајте големи одлуки во текот на овој месец ако е можно“, советува Стардаст. „За среќа, работите ќе се подобрат кога Меркур ќе тргне директно во средината на месецот, отворајќи го патот за Јарецот да продолжи напред“.

Водолија - јуни

Водолии, почетокот на 2023 година ќе биде лесен бидејќи ѕвездите работат во ваша корист, токму околу вашиот роденден. Можете да очекувате некои романтични вибрации пред Денот на вљубените, кои ќе направат да се чувствувате поранливи. Но, овие добри вибрации веројатно ќе исчезнат како што ќе настапат летните горештини. Да, Сатурн можеби го напуштил вашиот знак уште во март 2023 година, но неговото ретроградно во јуни сепак ќе предизвика некои неочекувани проблеми.

„Полна Месечина во Стрелец во комбинација со ретроградниот владетел Сатурн значи дека вашите чувства ќе бидат збунети во овој период“, забележува Стардаст.

Риби - март

За Рибите 2023 година е една од најпредизвикувачките, но по долго време носи бројни можности. Март ќе го означи почетокот на драстични промени. Кога Сатурн - планетата на структурата, кармата, дисциплината и зрелоста - ќе влезе во вашиот знак, постои можност за личен развој. Овој циклус трае три години, но првиот месец од оваа планетарна промена веројатно ќе биде најтежок за Рибите.

„Март ќе биде и најсреќниот и најнесреќниот месец во годината за Рибите, благодарение на големата промена од Сатурн кој го започнува своето патување во нивниот знак“, вели Стардаст. „Оваа транзиција на почетокот ќе биде тешка, но штом енергијата на Сатурн ќе се смири, 2023 година всушност ќе биде многу ветувачка и поволна година за Рибите“.

Тагови
реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Живот

Како да препознаете патолошки лажго?

Read more

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Read more

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more
 

Магазин

Како да препознаете патолошки лажго?

Читај повеќе

Што се случува во телото ако редовно јадете темно чоколадо?

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Читај повеќе

Кои им се заеднички карактеристики на лошите шефови?

Читај повеќе

Која храна најдобро е да ја јадеме сирова?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп до 21 април според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Како наглата промена на времето ќе ни влијае на здравјето?

Читај повеќе
  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Читај повеќе