Кој после Оле? Зидан не сака, Почетино флертува

Откако норвешкиот стратег конечно го доби долгочекуваниот отказ почна сагата за нов тренер кој ќе седне на жешкото, но посакувано столче на Манчестер Јунајтед.

Оле Гунар Солскјер е веќе минато за „Црвените ѓаволи“. Еден од пулените на сер Алекс Фергусон дојде како голема надеж, но не ги оправда очекувањата, а отказот беше само прашање на време иако управата долг период одолеваше да го направи овој чекор.

Управата веќе го назначи Мајкл Карик за вршител на должноста, но без да потенцира колку долго Карик ќе биде на клупата, односно дали ќе ја тера цела сезона или само за краток период. Карик се пензионираше пред три години, по што почна да работи како асистент под Жозе Мурињо, а продолжи и под Солскјер.

Веќе плејада имиња почнаа да се споменуваат како можни наследници на Солскјер, а на долгата листа се Зинедин Зидан, Маурисио Почетино, Хулен Лопетеги, Стив Брус...

Зидедин Зидан

Уште пред Оле да добие отказ, во јавноста на големо се шпекулираше дека неговиот наследник ќе биде Зинедин Зидан. Легендарниот Французин е слободен откако го напушти Реал Мадрид, па со оглед на тоа би немал проблени и веднаш да дојде во Манчестер. Но, како што пренесува BBC, Зизу не сака ни да чуе да работи во Англија. Се изнакажаа разни работи, како на пример дека Зидан сакал, но неговата сопруга не сакала да живее на Островот. На крајот, веројатно болната вистина е дека самиот Зидан не гледа предизвик во жешкото столче на „Олд Трафорд“.

Стив Брус

Веројатно најлошата опција за навивачите на Манчестер Јунајтед е човекот кој го носеше Њукасл кон испаѓање. Стив Брус доби отказ веднаш откако Њукасл доби нов богат газда, а сега тој сам му се нуди на Јунајтед, и тоа како спасител. Џокерот во ракавот на Брус е тоа што тој 11 сезони го носеше црвениот дрес на Јунајтед и тоа во ерата на сер Алекс Фергусон. Стив тврди дека знае како да ја стабилизира соблекувалната на клубот и би се согласил дури и на договор до крајот на сезонава, како привремено решение, само за да добие шанса да покаже што знае и умее.

Хулен Лопетеги

Актуелниот стратег на Севиља веројатно има желба да дојде во Манчестер, но не поголема од неговиот агент Жорже Мендеш, кој се чини повеќе сака баскискиот стратег да седне на тоа столче отколку самиот тој. Мендеш е оној кој инсистира на ваков потег, а го користи и влијанието на Кристијано Роналдо, чиј агент исто така е, за да го донесе Баскиецот на Островот, што би била прва авантура за Лопетеги надвор од Пиринејскиот Полуостров (освен Севиља ги водеше и Реал Мадрид, Порто, Рајо Ваљекано, како и неколку младински репрезентации на Шпанија, а и сениорската).

Маурисио Почетино

Иако од летоска го предводи ѕвездениот тим на ПСЖ, аргентинскиот стратег е главниот фаворит за нов тренер на Манчестер Јунајтед. Почетино не би го напуштил Париз веднаш, туку би дошол во Манчестер по крајот на актуелнава сезона. Првичниот план на Јунајтед е сезонава да продолжи со привремен тренер, а ново и докажано име да почне нова ера од лето. Тоа се вклопува во планот на Почетино кому очигледно во Париз не му е по мерак, иако има тим со Меси, Нејмар и Мбапе.

Уште некој на списокот?

Нормално, листата на имиња кои се поврзуваат со клупата на Јунајтед не завршува тука. Се споменуваат и Лоран Блан, кој своевремено како играч настапуваше за клубот, како и поранешниот предводник на Ајакс, Ерик тен Хаг.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе