Дојде денот кога по единаесетти пат во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи фестивалот Здраво Млади на кој ќе настапат три домашни и седум странски уметници.
Фестивалот ќе поделен на две бини во паркот на МКЦ и ќе почне од 19 часот. Картите по цена од 400 денари и денес се достапни на љубителите на музиката, а билетарата ќе работи и вечерва.
Мерките за заштита од коронавирусот сигурно ќе се одразат на овогодинешната посетеност, која ионакат е лимитирана, бидејќи ќе можат да влезат единствено лица кои се вакцинирани, кои имаат негативен тест или го прележале вирусот во последните 45 дена.
Распоредот е следен:
19:00 - Бина II - Lufthansa (Македонија)
20:00 - Бина II - Blackstate (Македонија)
20:30 - Бина I - KOIKOI (Србија)
21:15 - Бина II - Belgrado (Шпанија)
22:00 - Бина I - Мурман Цуладзе (Грузија)
22:40 - Бина II - Искра (Македонија)
23:10 - Бина I - Peki Pele (Хрватска)
23:34 - Бина II - Shortparis (Русија)
0:45 - Бина II - Hercules & Love Affair (САД)
2:00 - Бина I - Диџеј Фиц (Ирска)