Избори 2016

Кој сè ќе седне во новиот состав на Собранието?

13. декември 2016 - 10:08 | Макфакс

Откако вчера вечер Државната изборна комисија ги објави конечните прелиминарни изборни резултати од предвремените парламентарни избори и преброја која партија колку мандати доби, се знаат и имињата на идните пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица освои осум мандати, што значи според кандидатската листа првите осум треба да седнат во пратеничко столче и тоа: Никола Попоски, Елизабета Канческа Милевска, Борис Змејковски, Драган Данев, Даниела Рангелова, Љупчо Димовски, Крсто Јовановски и Чедомир Саздовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ во втората изборна единица има девет пратеници и тоа Никола Тодоров, Трајко Вељаноски, Жаклина Пешевска, Иван Стоиљковиќ, Амди Бајрам, Владанка Авировиќ, Зоран Ѓорѓиевски, Јохан Тарчуловски и Весна Дамчевска – Илиевска.

Третата изборна единица за ВМРО-ДПМНЕ ги даде следниве 11 пратеници: Илија Димовски, Емил Димитриев, Слаѓана Митовска, Трајчо Димков, Стојан Миланов, Магдалена Манаскова, Зеќир Рамчиловиќ, Никола Мицевски, Благица Ласовска, Емилија Александрова и Иван Иванов.

Од ВМРО-ДПМНЕ од четворката во Собрание влегуваат десетмина и тоа Никола Груевски, Ванковер Манчев, Ане Лашкоска, Панчо Минов, Весна Пемова, Васил Пишев, Нада Ципушева, Димитар Стевананџија, Драган Цуклев и Павлинче Честојнова.

Петката има девет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и тоа Антонијо Милошоски, Зоран Илиоски, Лилјана Затуроска, Љубен Арнаудов, Благоја Деспотовски, Нола Исмајлоска Старова Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Лилјана Кузмановска.

ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица има четири пратеници и тоа Владимир Ѓорчев, Јусух Хасани, Дафина Јованоска – Стојаноска и Горан Манојлоски.

Од СДСМ во првата изборна единица во Собрание влегоа 10 пратеници и тоа Стево Пендаровски, Рената Дескоска, Дамјан Манчевски, Стефан Богоев, Павле Богоевски, Соња Мираковска, Диме Велковски, Татјана Прентовиќ, Ивана Туфегџиќ и Петар Атанасов.

Во втората изборна единица СДСМ има осум пратеници: Оливер Спасовски, Фросина Ташевска – Ременски, Мухамед Зеќири, Маја Морачанин, Ферид Мухиќ. Максим Димитриевски, Курто Дудуш и Тања Ковачев.

Од СДСМ во третата изборна единица како пратеници во Собрание ќе влезат деветмина Љупчо Николовски, Благоја Бочварски, Јагода Шахпаска, Панче Иванов, Сашко Костов, Јулијана Николова, Енес Ибраим, Илија Николовски и Мира Стојчевска.

Четворката од СДСМ ги даде следните 10 пратеници: Зоран Заев, Хари Локвенец, Катерина Кузмановска, Горан Мисовски, Коста Јаневски, Кети Смилеска, Бетиан Китев, Сашо Поцков, Милева Ѓоргиева и Мери Лазарова.

Од петата изборна единица во Собрание СДСМ ќе ги има следните пратеници: Радмила Шекеринска – Јанковска, Александар Кирацовски, Томислав Тунтев, Горан Милевски, Васко Ковачевски, Ирена Стефоска, Јован Митрески Алија Камбероски и Жаклина Лазаревска.

Шестата изборна единица од СДСМ има тројца пратеници и тоа Петре Шилегов, Ѓулумсер Касапи и Благојче Трпевски.

ДУИ ги има следните десет пратеници: Артан Груби од единицата, Ејуп Аљими и Реџаиљ Исмаили од двојката, Агим Шаќири од петката и од шестата изборна единица Али Ахмети, Талат Џафери, Шпреса Хадри Бранко Маноиловски, Џеват Адеми и Мирсада Емини – Асани.

Партијата БЕСА ги има следните пет пратеници: Зеќирија Ибрахими, Африм Гаши, Биљал Касами, Фадил Зендели и Теута Биљали.

Алијансата на Албанците ги даде следните пратеници: Сурија Рашиди, Зиадин Села и Весел Мемеди.

ДПА има двајца пратеници и тоа Мендух Тачи и Бардуљ Даути.

Секако, оваа листа никако не е конечна, затоа што според правилата, оние кои ќе станат премиер, министри, не можат да бидат пратеници, па така во Собрание влегуваат следните на листата. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, од друга страна пак, ќе треба да избере дали ќе остане градоначалник на Струмица или ќе го прифати пратеничкиот мандат.

Коментирај