Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

BBC Russia; превод: МИА
/ 24.03.2023 / 09:47

Заменичката на британскиот секретар за одбрана Анабел Голди потврди дека Лондон испраќа артилериски гранати со јадра со осиромашен ураниум во Украина. Нејзината изјава предизвика исклучително остра реакција на руските власти, вклучително и на претседателот Владимир Путин.

Но, како што пишува BBC Russia, украински и руски експерти за оружје објавија дека муниција со збогатен ураниум се произведува и во Русија.

Голди изјави дека оклопни гранати кои содржат осиромашен ураниум ќе ѝ бидат доставени на Украина. „Ваквите проектили се многу ефикасни против современите тенкови и оклопни возила.

Оваа објава предизвика жестока реакција кај руските власти, кои се заканија дека сериозно ќе размислат како да одговорат на тоа.

Што е осиромашен ураниум?

Осиромашениот ураниум е нуспроизвод во производството на збогатен ураниум. Неговите карактеристики се големата густина и цврстина, поради што се користи во производството на оклоп за воена опрема, но и за муниција - главно јадра за оклопни проектили.

Осиромашениот ураниум не е многу радиоактивен, иако се смета за токсичен и канцероген. На веб-страницата на Европската Унија се наведува дека муницијата со осиромашен ураниум претходно била користена во Заливските војни, во Србија и во Косово. Нивната употреба предизвика загриженост за здравствените ризици од изложеност на ураниумска прашина.

На веб-страницата на ЕУ е наведено дека во текот на неколку студии се пронајдени недоволни докази за штетноста на супстанцијата, но заклучоците на експертите се толкуваат на различни начини. Од друга страна, на веб-страницата на Агенцијата за заштита на животната средина е наведено дека осиромашениот ураниум е опасен доколку навлезе во телото.

Во резолуцијата за употреба на осиромашен ураниум, усвоена од Генералното собрание на ОН во 2018 година, се наведува, повикувајќи се на студиите на МААЕ, „дека радиолошката закана за населението и животната средина предизвикана од контаминација на територијата со мали честички на осиромашен ураниум ослободени како резултат на употребата на муниција не е значајна“.

Сепак, во резолуцијата се додава дека во одредени ситуации постои ризик од изложување на радијација за луѓето што се во директен контакт со фрагменти или муниција што содржи осиромашен ураниум.

Во декември минатата година, Генералното собрание на ОН усвои друга резолуција во која се наведува дека студиите спроведени од релевантни меѓународни организации не даваат доволно целосна слика за обемот на можните долгорочни последици за луѓето и животната средина во случај на употреба на оружје и муниција што содржи осиромашен ураниум.

Реакцијата на Кремљ

Кремљ соопшти дека употребата на таква муниција во Украина ќе се смета за употреба на „валкана бомба“, а Путин се закани дека Русија ќе реагира доколку Обединетото Кралство навистина ѝ ја достави муницијата на Украина.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека испораката на оваа муниција е показател дека Западот го крши меѓународното хуманитарно право, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, одговарајќи на прашањето дали постои можност за нуклеарен судир, рече дека ова е чекор напред на тој пат.

BBC Russia наведува дека многу војски во светот користат вакво и слично оружје и муниција. Поткалибарските проектили се состојат од тенко јадро, кое е направено од тешки и издржливи легури со употреба на волфрам или осиромашен ураниум, и школка, која треба да биде лесна.

Ваквите проектили можат да бидат исклучително ефикасни против оклопни возила, а биле користени во Втората светска војна и со нив се вооружени сите модерни тенкови. Многу од нив користат осиромашен ураниум.

Во СССР и Русија, ваквите гранати се развиваат од 80-тите. Сепак, сè уште нема докази дека руската војска користи муниција со осиромашен ураниум во војната против Украина.

Не постои недвосмислено мислење за тоа како осиромашениот ураниум може да биде штетен по здравјето, но тоа е многу ефикасна муниција со голема можност за пенетрација на оклоп. BBC Russia наведува дека жестоката реакција на руските власти во овој случај дошла не поради опасноста што може да ја нанесе по здравјето осиромашениот ураниум, туку затоа што украинските војници ќе можат поефикасно да ги погодат руските тенкови.

реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Свет

Со ритуал исчистен олтарот на папата, откако го осквернави гол маж

Read more

Најсмртоносна планинарска сезона на Монт Еверест: Непал ги заостри правилата

Read more

Лукашенко: Со Украина направивме само една грешка

Read more

Големи немири во Источна Германија: Се судрија левичарите и полицијата

Read more
 

Вести

РЕК издава сè повеќе дозволи за производство на „зелена“ струја

Читај повеќе

Со ритуал исчистен олтарот на папата, откако го осквернави гол маж

Читај повеќе

Најсмртоносна планинарска сезона на Монт Еверест: Непал ги заостри правилата

Читај повеќе

Единствена Македонија: За која интеграција во ЕУ, кое немање алтернатива и за кои европски вредности зборува СДСМ?

Читај повеќе

Лукашенко: Со Украина направивме само една грешка

Читај повеќе

Падна доларот по три недели раст, но падна и еврото

Читај повеќе

Духовден: Празник на Светиот дух и на основањето на Христијанската црква

Читај повеќе

Бујар Османи објави план во 9 чекори за деескалација и нормализација на состојбите во Косово

Читај повеќе

Патот од Љубаниште кон Охрид делумно прооден, сообраќајот се одвива наизменично

Читај повеќе