Некои видови зеленчук ги нудат најздравите состојки дури по термичка обработка.

Ова се неколку вида зеленчук што се поздрави ако ги јадете сварени или зготвени на каков било друг начин:
Домат
Доматот е богат со ликопен, антиоксиданс што има многу позитивни ефекти по нашето здравје. Ако го зготвите доматот со малку маслиново масло, количеството на ликопен расте, па нутриционистите советуваат да го јадете овој зеленчук во форма на сос, со тестенини, риба или пилешко.
Морков
Иако морковите се многу вкусни и сирови, подобро е пред јадење да ги сварите бидејќи така се ослободуваат антиоксидансите што ги чуваат каротеноидите и витаминот C. Каротеноидите штитат од слободни радикали, го спречуваат стареењето и се одлични за вашето здравје.
Зелка
Зелката е богата со важни хранливи состојки, сирова и зготвена, но со термичка обработка се зголемува содржината на железо.
Спанаќ
Сировиот спанаќ содржи повеќе фолна киселина, витамини C, B2 и B3, како и калиум, во споредба со зготвен, но по термичка обработка се зголемува содржината на витамините A, E, B1, на протеини, влакна, цинк, калциум и железо. Исто така се ослободува бета каротен и лутеин кои се важни за здрави очи и добар вид.