Кој зеленчук е здраво да го јадете свеж, а кој зготвен?

Колку хранливи состојки ќе внесете во организмот зависи од начинот на кој подготвувате одредени намирници. Многу од нив се поздрави кога ги јадете сирови, советува нутриционистот Ли Холмс.

Одредени намирници со готвењето губат хранливи состојки, додека други во текот на готвењето ослободуваат одредени витамини.

Кои намирници треба да ги јадете свежи, без готвење?

Цвекло

Цвеклото е богато со влакна, витамин Ц, калиум, манган и Б витамини, односно фолати - хранливи состојки кои помагаат во подобрување на имуниот систем, ја подобруваат енергијата и борбата против воспаленија во организмот.

Брокула

Брокулата подготвена на пареа може да биде многу вкусна, но подобро е овој зеленчук да го јадете свеж. Содржи витамин Ц, калциум, калиум, протеини и сулфорафан, природен соединение кое помага во борба против канцер и го забавува стареењето.

Резултатите се објавени во Journal of Agricultural and Food Chemistry и покажаа дека луѓето кои јадат свежа брокула подобро апсорбираат сулфорафан во споредба со оние кои го јаделе зготвен.

Малини, боровинки и капини

Зрнестото овошје е одличен извор на антиоксиданси како антоцијан, витамин Б6, витамин Е и магнезиум. Ако ги готвите, се намалува содржината на витамин Ц.

Црвена пиперка

Ако сакате да ги искористите придобивките од црвените пиперки, секогаш јадете ги свежи. Содржи највисоко ниво на витамин Ц, како и витамин Б6, витамин Е и магнезиум. Проблемот кога ги варите, печете или пржите пиперките е што веднаш се намалува содржината на витамин Ц.

Ако веќе ги готвите, одлучете се за кратко пржење или печење, така ќе сочувате повеќе витамини.

Морков

Морковите се добар извор на бета-каротени, влакна, витамин К1, калиум и антиоксиданси. Иако овој зеленчук е вкусен и како свеж, со готвењето се зголемува содржината на хранливи материи. Варениот морков содржи повеќе бета-каротен, антиоксиданс кој во телото се претвора во витамин А, добар за видот и имуниот систем.

Модар патлиџан

Со готвењето се зголемува нивото на антоцијанин, состојка што се наоѓа во кората. Модриот патлиџан е богат со витамини, минерали, влакна и антиоксиданси.

Домати

Доматите се вкусни и свежи во салата, но и готвени. Содржат ликопен, антиоксиданс што помага во заштита од хронични болести. Ликопенот полесно се апсорбира кога доматите се изложени на висока температура, односно кога се готват.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Здравје

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе