Која Џорџа Мелони си денес?

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, освен што е во фокусот на јавноста поради низата политички одлуки кои ги носи, а кои се однесуваат на ЕУ и Италија, често е тема на социјалните мрежи и поради изразите на лицето кои ги снимиле камерите на бројни состаноци.

Така, магазинот Politico посвети посебен напис на овој сегмент од Џорџа Мелони и напиша дека некои лидери се одлични говорници, но дека други можат да ги пренесат своите најдлабоки чувства само со поглед.

Италијанската премиерка тоа го покажа на последниот самит на НАТО во Вашингтон, кога камерите забележаа конкретни изрази на лицето за време на средбата со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, но и во моментите кога чекаше во салата да пристигнат генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и американскиот претседател Џо Бајден.

Со оглед на тоа дека ова не е првпат италијанската премиерка да покажува, може да се каже, исклучително специфични изрази на лицето, магазинот Politico избра неколку нејзини фотографии и додаде описи кои најдобро би можеле да ги опишат, а корисниците на социјалните мрежи веќе ги користат за да опишат разни расположенија.

„Кога ќе речат дека состанокот ќе биде во 10 наутро, а сега е 10:30 и нив уште ги нема“

Описот за втората фотографија на која Мелони разговара со Сунак е следен:

„Кога се обидуваш да изгледаш заинтересирано, ама мислиш само на ручекот“

Третата се однесува на изразите на лицето за време на говорот што го одржа на партиски состанок.

„Кога ќе допреш храна во мијалникот додека миеш садови“

На четвртата фотографија повторно е поранешниот премиер на Велика Британија.

„Кога колегата ќе ти каже виц, а ти треба да се преправаш дека е урнебесно смешен“

На една од фотографиите е и сега многу популарната сцена од средбата со Макрон.

„Кога ќе видиш некој за кој знаеш дека те озбоорува зад грб“

Во фокус на списанието беше и фотографијата од самитот на Г7.

„Кога си предолго во пабот и пријателите те прашуваат дали си добро“

реклама

Подобрете го вкусот на палентата со додавање на една состојка

Read more

Нова ера на плаќање во црквите: Верниците сега можат да донираат со картички и телефони

Read more

Како правилно да го исчистите кожниот мебел и да му го продолжите векот на траење?

Read more

Руски астролог предвидува на кои хороскопски знаци им претстои финансиски успех

Read more

Чек дис аут

Како Нови Сад го добил името?

Read more

Нова ера на плаќање во црквите: Верниците сега можат да донираат со картички и телефони

Read more

Кинезите направија скара на вселенската станица, астронаутите конечно јадеа свежа храна

Read more

Порака од Првата светска војна пронајдена на австралиска плажа

Read more
 

Магазин

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Читај повеќе
  • play_arrow

Монголка ја претставува Србија на Мис Универзум, Србите тврдат дека не ја избрале

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Палестина прв пат на Мис Универзум: Мисицата веќе освојува симпатии

Читај повеќе

Како Нови Сад го добил името?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопје има големо срце: Над 200.000 денари собрани на третата Добротворна модна аукција

Читај повеќе

Бабин рецепт за најсочни пилешки шницли: Крцкави однадвор и меки како путер однатре

Читај повеќе

Дали „прегорувате“ во теретана?

Читај повеќе

Уреди што никогаш не треба да ги вклучувате во продолжен кабел

Читај повеќе

Руски астролог предвидува на кои хороскопски знаци им претстои финансиски успех

Читај повеќе