Која држава има најголеми резерви на злато?

Залихите на злато се резерви кои ги чува народната банка на секоја држава со цел тоа да послужи како вредносно покритие, често поврзувано со јачината на домашната валута. Иако Македонија не е ни близу до врвот на листата на држави со најголеми залихи, тоа не значи дека не треба да знаете кои држави се наоѓаат таму.

Според светските финансиски портали, САД, Германија, Италија и Франција се државите со најголеми залихи на злато во народниот сеф.

Податоците велат дека државата со најголеми златни резерви е САД, која има складирано 8.133 тони злато во сефот на народната банка. САД многу се одвојува пред сите останати држави во светот кога се работи за залихите во злато, бидејќи тие имаат резерва колку три држави заедно.

На второто место се наоѓа најбогатата европска држава, Германија, која има златна резерва од 3.374 тони. Иако Германија не држи некоја значителна предност пред останатите држави, таа сепак има скоро еден тон повеќе од следната држава на листата, Италија, која поседува 2.452 тони злато. Остатокот од најбогатата петорка ја сочинуваат Франција со 2.436 тони и Русија, со 1.857 тони злато.

Комплетната листа изгледа вака:

  1. САД – 8.133 тони злато
  2. Германија – 3.374 тони
  3. Италија – 2.452 тони
  4. Франција – 2.436 тони
  5. Русија – 1.857 тони
  6. Кина – 1.054 тони
  7. Швајцарија – 1.040 тони
  8. Јапонија – 765 тони
  9. Холандија – 612 тони
  10. Индија – 557 тони

Русија ја престигна Кина на листата, која минатата година беше помеѓу топ петте држави во светот со најголеми ресурси, а тоа ѝ помогна на руската економија да закрепне по влошувањето на односите со САД и да направи залихи во други валути, а не во долари. Русите обично купуваат злато од домашни извори, бидејќи тие имаат многу места каде истото може да биде ископано.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе