Која е дефиницијата за сериски убиец?

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу синоќа потврди дека е притворен осомничен за две убиства, откако беа најдени две машки тела во резервоарот на браната „Турија“ во Струмица.

„Можам да кажам пред јавноста дека идентитетот на yбиeцот во двата наоди во Струмица ѝ е познат на полициjата, но чекаме официјална потврда од ДНК-прегледите и за ова yбиcтво имаме осомничен кој е во притвop. Го знаеме мoтивот како се извршени yбиcтвата и има сличности во формата и начинот на yбиcтвата, дури и со она што се случи пред неколку месеци на територијата на градот Струмица “, стои во изјавата на Нухиу.

Судејќи по ова изјава, домашните и регионалните медиуми веќе почнаа со нафрлање на терминот „сериски убиец“. Во очекување на официјален став на МВР во врска со овој случај, да ги разграничиме поимите.

Убиство е секое дејство во кое еден човек убива друг човек. Убиството претпоставува само свесен акт на еден човек кој резултира во смрт на друг човек, т.е. убиството вклучува и случајни дејства, дејства од негрижа или од невнимание, дури и кога извршителот немал намера да ја предизвика смртта. Во правото постојат повеќе категории на убиства, вклучувајќи: убиство без умисла, убиство со умисла, оправдано убиство, убиство во самоодбрана, убиство за време на војна, еутаназија, итн. Овие видови убиства се третираат различно во правнитe системи, а некои од нив се дури и дозволени (како, еутаназијата).

Која е разликата меѓу сериски убиец и масовен убиец? Официјалната дефиниција за сериски убиец е „одделни убиства со значителен временски период за 'одмор' меѓу нив“, додека масовен убиец е оној кој убива повеќе луѓе одеднаш во еден инцидент.

Колку луѓе треба да убие некој за да се квалификува за сериски убиец? Одговорите на ова прашање варираат, иако најчесто е најмалку 2 до 4 жртви.

Карактеристики

Службите на САД ги издвојуваат овие заеднички карактеристики на сериските убијци:

1. Најголем дел се белци и неоженети. Но сепак има неколку забележани случаи на сериските убијци кои не биле белци, на пример Вејн Вилијамс, Тимоти Спенсер, Чарлс Нг, Енџел Матурино Ресендиз, Џорџ Расел, сериските снајперисти, Џон Мухамед и Ли Малво.

2. Често се многу интелигентни, со коефициент на интелегенција во рамките на „натпросечно високите“ коефициенти.

3. И покрај нивниот висок коефициент на интелигенција, тие имаат проблем со задржување една постојана работа и често работат физички работи.      

4. Често потекнуваат од нестабилни семејства.

5. Типична карактеристика е да биле напуштени од страна на нивните татковци уште како деца и да биле израснати од доминантни мајки.

6. Нивните семејства често имаат криминално, психијатриско и алкохоличарско минато.

7. Во голем број од случаите тие биле злоупотребувани - емотивно, физички и/или сексуално - од страна на член од семејството.

8. Имале чести обиди за самоубиство.

9. Уште од многу рана возраст, многу од нив покажувале силен интерес за воајеризам, фетишизам и садомазохистичка порнографија.

10. Повеќе од 60% мокреле во кревет и на возраст поголема од 12 години.

11. Многумина ги фасцинира палењето предмети и објекти.

12. Честопати имаат садистички активности и измачуваат мали животни.

Но постојат и исклучоци од овие критериуми. На пример Херолд Шипмен бил успешен професионалец (општ лекар, кој работел во Националната здравствена институција во Англија). Тој беше сметан за столб на општинската заедница, кој дури и доби професинална награда за детската клиника за астма и беше интервјуиран за „Светот во акција“ (“World in Action”) во продукција на Гранада Телевизија. Денис Нилсен беше поранешен војник кој потоа стана службеник во јавната администрација и член на синдикатот и немаше претходно криминално досие кога беше уапсен. Ниеден од овие претходни два примери не биле забележани да покажуваат или поседуваат некој од овие знаци.

Македонецот Владо Танески беше новинар, кој беше фатен откако напиша неколку статии, кои покажаа знаци дека тој убивал луѓе. За уште поголема иронија, тој бил новинар кој пишувал статии во врска со криминалот.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе