Која е Џорџа Мелони, првата жена премиер на Италија?

Б.С.Б.
/ 26.09.2022 / 10:17

За прв пат во историјата, Италија ќе има жена премиер и тоа екстремната десничарка Џорџа Мелони. За разлика од многуте десничари, Мелони ја осуди руската инвазија на Украина, а има и необична страст кон делата на Џ. Р. Р. Толкин, особено за „The Hobbit“.

За што се залага Мелони?

Таа повика на повеќе бенефиции за семејствата, помалку европска бирократија, ниски даноци и запирање на имиграцијата. За цел има да ги затвори италијанските пристаништа за мигранти кои пристигнуваат од Либија.

Сака повторно да преговара за договорите со ЕУ и членството на Италија во валутната заедница на еврото. Нејзината партија го отфрла правото на абортус и бракови од ист пол.

Мелони е лидерка не екстремно десничарската партија „Италијански браќа“, која според прелиминарните податоци води на изборите.

„Италијанците испратија јасна порака за десничарска влада предводена од Италијански браќа. Ќе владееме за сите. Ќе владееме за да го обединиме народот“, рече Мелони во синоќешното кусо обраќање пред новинарите.

Нејзината партија поддржува политика на соочува со нискиот наталитет во земјата, предлагајќи отворање на бесплатни градинки и воведување семејна помош од 400 евра месечно. Не го фаворизира излегувањето на Италија д ЕУ блокот.

Мелони е блиска со унгарскиот националистички премиер Виктор Орбан, има врски и со американската крајна десница. Покажа цврста поддршка за Украина и НАТО од руската инвазија, создавајќи контраст на ставовите на поранешните лидери Матео Салвини и Силвио Берлускони, кои претходно ги поврзуваа со рускиот претседател Владимир Путин.

Левичарите ја нарекуваат „носталгичарка за фашистичките времиња“, но самата таа не бега од нејзиното минато, ниту јасно се оградува од него. Мелони во младоста била дел од младинско крило на неофашистичката партија. Тогаш имала 15 години, но дека верувала во слични ставови и подоцна покажува тоа што го водела студентскиот огранок на крајно десничарската „Национална алијанса“.

„Ние сме деца на нашата историја. На целата наша историја. Како што е случај со сите други народи, патот што го минавме е сложен, многу покомплициран отколку што многумина сакаат да се дознае“, наведе таа во нејзината биографија.

Голема љубителка е на делата на Толкин.

„Мислам дека Толкин би можел подобро од нас да каже во што веруваат конзервативците. Не сметам дека 'The Lord of the Rings' е фантазија“, изјави таа во една прилика.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Read more

Како Кина ја добива трговската војна?

Read more

Свет

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Read more

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Read more

Аеродромот во Цирих воведува 3D скенери со најмодерна технологија

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Читај повеќе
  • play_arrow

Милошоски: Во Македонија нема да се градат бегалски кампови

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајланд ја нападна Камбоџа

Читај повеќе

Како Кина ја добива трговската војна?

Читај повеќе

Цените на нафтата благо растат втора недела по ред

Читај повеќе

Променливо време и температури до 14°C

Читај повеќе

Гужва на границите: На „Дојран“ и „Табановце“ се чека и по 40 минути

Читај повеќе

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Читај повеќе

УЈП: Секоја четврта контрола открива неиздавање фискална сметка

Читај повеќе