Љубов и секс

Која е идеалната разлика во години за љубовна врска?

22. јуни 2018 - 13:53 | А.С.

Едно најново истражување спроведено на 3.000 испитаници покажа дека веројатноста за раскинување или развод е поголема ако е повисока старосната разлика меѓу партнерите.

Во врските во која старосната разлика е пет години, веројатноста за равод е 18%, а кај партнерите со разлика од 10 години имаат дури 39% можност за раскинување на врската.

Најлоши резултати, со веројатност од 90% за раскинување, имаат двојките со старосна разлика од 20 години и повеќе.

Најдобра старосна разлика меѓу партнерите е една година и кај овие партнери има само 3% шанси за раскинување.

Експертите сметаат дека причината за ваквите резултати е фактот дека луѓето на различни возрасти и во различни фази од животот сакаат различни работи и имаат поинакви животни вредности.

Коментирај