Која е идеалната разлика во години за успешна врска?

Често се вели дека љубовта е слепа, но според новото истражување, разликата во годините всушност може да ја одреди должината на врската помеѓу двајца луѓе.

Концептот на врска со значително помлад или постар партнер е сè уште контроверзен, а има многу примери на славни парови кои сведочат за тоа.

Помладите девојки на Леонардо Дикаприо, кој е познат по тоа што не излегува со жени постари од 25 години, или Роберт де Ниро, кој неодамна доби дете на 80 години со својата девојка Тифани Чен, која има 45 години, се актуелни теми во светските медиуми и на социјалните мрежи.

Тука е и францускиот претседател Емануел Макрон, кој има 45 години, а кога беше избран на функцијата во 2017 година, најмногу се зборуваше за бракот со Брижит Троње, која денес има 70 години и е 25 години постара од нејзиниот сопруг.

Иако секогаш има исклучоци, студијата спроведена од Универзитетот Емори во Атланта тврди дека одредени разлики во годините можат да бидат проблем во врската, односно колку е поголема разликата во годините меѓу партнерите, толку се поголеми шансите тие да раскинат.

Истражувањето, во кое беа опфатени 3.000 испитаници, покажа дека паровите со петгодишна разлика во возраста имаат 18 отсто поголеми шанси да раскинат од оние кои се составени од партнери на иста возраст. Интересно е тоа што таа бројка скокна на 39 отсто за парови со 10-годишна разлика во возраста.

За оние со 20 години разлика во возраста, истражувањето предвидува дека постои 95 проценти веројатност да раскинат. Која би била идеалната разлика во годините? Научниците веруваат дека најмали шанси да раскинат имаат парови со разлика од само една година, односно ризикот кај нив е само три проценти.

реклама

Психолог споделува какво однесување во бракот доведува до развод

Read more
Берлин го потврди погубувањето на германскиот заложник

Берлин го потврди погубувањето на германскиот заложник

Read more
Малолетник претепан во ТЦ „Бисер“ во Аеродром

Малолетник претепан во ТЦ „Бисер“ во Аеродром

Read more
Роман Абрамович доби израелско државјанство

Роман Абрамович доби израелско државјанство

Read more

Љубов и секс

4 услови се неопходни за среќна и долга врска

Read more

6 знаци дека мажот како дете не бил воспитан да ги почитува жените

Read more

Психолог споделува какво однесување во бракот доведува до развод

Read more

Како да имате подобар секс кога со партнерот ве „палат“ различни работи?

Read more
 

Магазин

4 услови се неопходни за среќна и долга врска

Читај повеќе

Одредена исхрана во бременоста може да го изложи бебето на дијабетес и срцеви заболувања

Читај повеќе

Симнете 5 килограми за еден месец: Како технологијата може да ви помогне да слабеете?

Читај повеќе
  • play_arrow

Валјак за боја за безгрижно сончање на плажа

Читај повеќе

6 знаци дека мажот како дете не бил воспитан да ги почитува жените

Читај повеќе

Како најсмрдливото овошје во светот го поскапува кафето?

Читај повеќе

Пет изненадувачки намирници кои го зголемуваат шеќерот во крвта и предизвикуваат дебелеење

Читај повеќе

Симптоми на анксиозност кои луѓето ги мешаат со симптоми на инфаркт

Читај повеќе

Рецепт на денот: Свинско филе во сос од бело вино

Читај повеќе