Која е Камала Харис – првата Афроамериканка кандидат за потпретседател на САД?

Камала Харис е првата Афроамериканка која една од двете водечки партии ја кандидирале за потпретседател во историјата на САД.

Харис, сенаторка од Калифорнија, беше именувана од претседателскиот кандидат на Демократската партија, Џо Бајден. Таа е четврта жена што досега ја кандидирала Демократската партија. Претходно сите три изгубиле – две како кандидатки за потпретседател, а Хилари Родам Клинтон изгуби како ривал на актуелниот претседател Доналд Трамп.

Камала Харис (55) и сама се кандидираше за претседателска номинација од Демократската партија пред да го поддржи Бајден.

Кога беше избрана во Сенатот во 2016 година беше само втората афроамериканска сенаторка во историјата на Горниот дом на американскиот Конгрес.

Пред да биде избрана за сенаторка беше главен државен обвинител во Калифорнија.

Харис преку социјалните мрежи порача дека ѝ е чест што е номинирана и дека Џо Бајден може да ги обедини Американците.

URL

Позната е по директните и остри прашања, особено за време на истрагата за потврда на кадидатурата на Брет Кавано за врховен судија.

Нејзината кандидатура за потпретседателка би можело да придонесе за поголем одзив кај афроамериканските гласачи кои се најлојално гласачко тело на Демократската партија.

Претседателот Доналд Трамп е изненаден што неговиот противкандидат Бајден ја избрал Камала Харис за своја кандидатка за потпретседател, бидејќи, како што изјави, таа била многу лоша кон Бајден за време на дебатите.

Трамп рече дека Харис била „многу, многу непријатна“ кон Бајден за време на внатрепартиските избори на демократите.

Remote video URL
Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Read more

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Read more

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе