Која е најчестата причина за расправија во врска?

Двојките се расправаат за многу работи, некои теми се минливи, некои подлабоки, но некои иако делуваат безначајни, може со тек на време да ја поткопаат врската и односот кон партнерот.

Една неодамнешна анкета покажа дека чекањето е причина за околу 30 расправии годишно во една просечна врска. Сигурно ви е позната ситуацијата: треба да одите некаде, а партнерот или партнерката уште се подготвува или воопшто не е почната/а.

Истражувањето укажува дека жените сепак се оние кои најчесто доцнат на закажани состаноци или не се готови кога треба да се излезе од дома. Една од четири жени признале дека доцнат кога треба да се сретнат со пријателите, во споредба со 16 отсто од мажите.

Покрај ова, една од пет жени признале дека често доцнат и на работа, а само 13 отсто од мажите го признале истото.

Да не биде дека жените се секогаш виновни кога станува збор за доцнење и чекање, анкетата покажала дека кога се работи за пакување за на одмор, жените биле подготвени на време бидејќи почнуваат да се пакуваат неколку дена однапред, а мажите почесто оставале сѐ за во „5 до 12“.

На многу двојки им е познато сценариото кога едниот го чека другиот, оној што секогаш се подготвува побавно или почнува многу доцна. Тоа резултира со доцнење, а организираните луѓе го мразат тоа. Исто така сметаат дека оставаат лош впечаток и како двојка и како поединци, па тоа е најчестата причина за расправија меѓу партнерите, велат од агенцијата што ја направи анкетата.

Во анкетата учествувале 2.000 возрасни луѓе од кои 65 отсто од жените рекле дека се сметаат за одлично организирани луѓе, во споредба со 55 отсто од мажите.

Тагови
реклама

САД ѝ го блокираа на Русија плаќањето на долговите, ја принудуваат на банкрот

Read more

Брозовиќ на суд ја демантираше аферата со Ванда Нара: Имав проблеми со сопругата

Read more

Кои хороскопски знаци ќе ја запознаат љубовта на својот живот до крајот на мај?

Read more

Елитните руски специјалци трпат тешки порази, вели британското разузнавање

Read more

Љубов и секс

Кои хороскопски знаци ќе ја запознаат љубовта на својот живот до крајот на мај?

Read more

Докажано: Број 1 причина за развод

Read more

Хороскопски знаци со кои најлесно ќе станете пријатели со бенефиции

Read more

Каде грешат паровите кога сакаат да си го подобрат сексуалниот живот?

Read more
 

Магазин

Секси и самоуверена: Најубавата Романка на сите времиња привлече внимание во Кан

Читај повеќе

Природни средства со кои може да се ослободите од мравките во домот

Читај повеќе

10 болести кои ги наследуваме од мајката

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци ќе ја запознаат љубовта на својот живот до крајот на мај?

Читај повеќе

Скриени состојки во храната од кои се дебелеете

Читај повеќе

Болки што укажуваат дека имате висок холестерол

Читај повеќе

Родителски совети кои никогаш не треба да ги слушате

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекувани фејлови, смешна компилација

Читај повеќе

Јапонците направија „машина за соништа“: Како да гледате видео

Читај повеќе