Живот

Која е најсреќната земја на светот?

20. март 2017 - 15:02 | А.С.

Обединетите нации спроведоа истражување во кое ја мереа „субјективната благосостојба“ на луѓето во разни земји, колку се луѓето во тие земји среќни и зошто.

Според Светскиот извештај за среќа на ОН првото место годинава ѝ припаѓа на Норвешка која ја турна соседна Данска од врвот.

Најсреќната петорка на светот ја заокружуваат Исланд, Швајцарија и Финска, а Централноафриканската Република е на последно место.

Западна Европа и Северна Америка доминираат во првиот дел од табелата, а САД и Велика Британија се на 14. односно 19. место.

Земјите погодени од конфликти во Супсахарска Африка имаат најмалку поени. Сирија е на 152. од вкупно 155 места, а Јемен и Јужен Судан се на 146. и 147.

Светскиот извештај за среќа беше објавен денес, 20 март, за да се совпадне со Меѓународниот ден на среќата на ОН.

Извештајот, што се составува од 2012 година наваму, се заснова на одговорите на над 1.000 луѓе од 150 земји годишно, кои го оценуваат нивото на среќа според неколку критериуми, како БДП по глава на жител, социјална помош, животен век, слобода на избор, дарежливост, ниво на корумпираност и друго.

Македонија се наоѓа на 92. место, после Хондурас, а пред Сомалија.

 

Коментирај