Која е поврзаноста меѓу еректилната дисфункција и боледувањето од COVID-19?

COVID-19 го зголемува ризикот од развој на еректилна дисфункција за скоро шест пати, според една студија која ја анализирала врската помеѓу COVID-19 и еректилната дисфункција.

Прелиминарните податоци исто така покажаа дека еректилната дисфункција ја зголемува подложноста на мажите кон вирусот SARS-CoV-2. Студијата покажа дека мажите кои имаат еректилна дисфункција имаат повеќе од пет пати поголема веројатност да се заразат со коронавирусот.

Кај мажите кои имале COVID-19 ризикот од развој на еректилна дисфункција бил 5,66 пати поголем. Овие бројки важеле и по разгледување на други фактори.

Студијата, предводена од Емануеле А. Џанини, професор по ендокринологија на Универзитетот во Тор Вергата во Рим, беше објавена на 20 март во списанието Andrology.

„Еректилната дисфункција може да биде и краткорочна и долгорочна компликација предизвикана од COVID-19“, рече Јанини.

„Мажите треба да се вакцинираат веднаш штом им се пружи прилика. Оваа студија дополнително ја нагласува важноста на носењето маски, тоа може да помогне да се спречи еректилната дисфункција“, рече Џанини.

Фактори на ризик

Тој посочи дека возраста, дијабетесот, високиот индекс на телесна маса (БМИ) и пушењето исто така го зголемуваат ризикот од инфекција со коронавирус.

„Овие се истите фактори кои влијаат на развојот на еректилната дисфункција. Резултатите од нашата студија се согласуваат со патофизиолошките механизми што ги поврзуваат еректилната дисфункција, ендотелијалната дисфункција и COVID-19“, објасни тој.

Алан Пејси, професор по андрологија на Универзитетот во Шефилд, се согласува со резултатите од студијата, додавајќи дека можеби некои коморбидитети исто така може да го зголемат ризикот од инфекција со коронавирус и развој на еректилна дисфункција.

„Авторите нудат можен механизам што покажува дека COVID-19 може директно да влијае на еректилната функција“, рече Пејси, додавајќи дека се потребни дополнителни истражувања.

Пејси истакна дека овие откритија треба да ги охрабрат луѓето да носат маски, физички да се дистанцираат и да се вакцинираат веднаш штом им се пружи прилика.

Урологот Џон Малхол рече дека прелиминарните податоци навистина ја потврдуваат потенцијалната врска помеѓу COVID-19 и еректилната дисфункција, но посочува дека се потребни дополнителни истражувања за да се објасни причинско-последичната врска.

Детали за студијата

Студијата опфатила 6.821 испитаник, од кои 2.644 биле мажи и 4.177 жени. Сите испитаници биле на возраст од 18 години или постари. Испитаниците биле поделени врз основа на брачниот статус и сексуалната активност за време на рестриктивните мерки.

Меѓу машките испитаници, 985 од нив биле сексуално активни, а 25 од нив биле позитивни на COVID-19, пренесува Web MD. Резултатите покажаа дека преваленцата на еректилна дисфункција е значително поголема кај мажите кои имале COVID-19отколку кај оние кои немале (28% наспроти 9,33%).

Откако истражувачите ги прилагодија варијаблите да вклучуваат други фактори, како што се индексот на телесна маса, психолошкиот статус и возраста, се покажа дека шансата за развој на еректилна дисфункција откако едно лице прележало COVID-19 беше 5,66%. Студијата исто така потврди дека мажите кои имаат еректилна дисфункција, исто така, имаат поголема веројатност да бидат заразени со коронавирус.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Read more

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more
 

Магазин

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе