Која е Сју Потер, жената која доброволно се пријави да биде „вечен мртовец“?

Сју Потер почина од пневмонија на 87 години во 2015 година. Нејзиното тело беше постхумно замрзнато и потоа веднаш исечено на 27.000 ултратенки листови што внимателно беа зачувани, а потоа дигитализирани за едукативни цели.

Откако Сју вети дека ќе го подари своето тело на науката, до денот на нејзината смрт, таа го документираше нејзиниот живот – опишуваше како живее, кои се нејзините навики, што ја боли, како се чувствува... сѐ што би можело да им помогне на студентите по медицина кои ќе учат од нејзините замрзнати остатоци.

Во тие 15 години, Сју побара да ја види пилата со кое ќе ѝ го сечат телото, замрзнувачот во кој ќе ја чуваат и алкохолот со кој ќе ја полеат пред да ја исечат.

Таа исто така побара додека го сечат нејзиното тело во позадина да ечи класична музика, а околу да има ружи.

Откако целиот процес е завршен, три години подоцна, во јануарското издание на National Geographic е објавен интимен извештај насловен „ The Future Of Medicine“ за целото 15-годишно патешествие, низ кој се откриваат деталната работа и емоциите, како и односите меѓу луѓето опфатени во овој научен потфат.

Трагичната животна приказна на Сју

Сју израснала во нацистичка Германија, откако родителите ја напуштиле и се преселиле во Њујорк, а нејзе ја оставиле кај баба ѝ и дедо ѝ. Во интервјуто за National Geographic таа рече дека никогаш не им простила за тоа.

Емигрирала во САД по Втората светска војна каде се запознала со Хари Потер, со кого се венчала во 1956 година и имаат две ќерки.

Кога Хари се пензионирал, се преселиле во Колорадо. Не е познато што се случило со Хари, ни како Сју се оддалечила од нејзините ќерки, но во 2000 година кога имала 73 години, Сју била потполно сама.

Во 2000 година, кога си мислела дека има само уште една година за живеење, прочитала напис за проектот Human Simulation на Универзитетот на Колорадо, поконкретно за проектот Visible Human.

Во проектот финансиран од Нациоалниот институт за здравство, тим експерти ги балсамирале и замрзнале телата на еден маж (39-годишен осуденик на смртна казна Џозеф Пол Јерниган, во 1993 година) и една 59-годишна жена од Мерилен со срцева болест, во 1994 година. Нивните тела потоа биле исечени на парчиња и дигитализирани за едукативни цели.

Доброволен „вечен мртовец“

Сју (Родена како Сузан Кристина Витчел во Германија) сакала да биде третата личност и со тоа стана првиот жив човек што доброволно го понудил своето тело да биде „вечен мртовец“.

На почетокот, водачот на тимот, доктор Вик Спицер, ја одбил бидејќи правел модели од „нормални“ тела – во поглед на здравјето, Сју поминала многу: имала дијабетес, меланома, преживеала рак на дојка и неколку операции.

По некое време успеала да го убеди, но под еден услов: да документира сѐ што прави до крајот на животот.

Таа се согласила и доктор Спицер стапил во контакт со National Geographic за потфатот што требало да трае една година.

На сечие изненадување, вклучувајќи ја и Сју, таа живееше уште 15 години, што резултираше со најобемното водење личен и детален извештај за животот на еден пациент што некогаш било документирано во историјата.

Лекција за хуманост

„Кога таа зборуваше за нејзиното тело и за тоа како се чувствува, тоа е една сосема поинаква динамика. Тоа не е обично изучување на нејзината анатомија или физиологија, тоа е изучување на нејзината човечност“, вели доктор Спицер.

Откако добила дозвола од докторот, Сју постојано со себе носела картичка, за кога ќе умре, на која меѓу другото, пишувало: „...контактирајте го доктор Виктор М. Спицер... има само 4 часа на располагање да ги прими останките“.

Иако повеќето вакви случаи би биле анонимни, Сју била горда на нејзината вклученост во научниот проект и редовно гостувала на конференции и држела предавања.

Обожавала да се сретнува со студентите кои еден ден би го анализирале нејзиниот замрзнат труп и им држела предавања за сочувството. Иако била остра и директна, студентите ја обожавале. Тие и најмногу плачеа на нејзиниот погреб.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе