Која е тајната на селото со најмногу стогодишници по глава на жител?

Пердасдефогу изгледа како секое друго село на Сардинија. Има предроманска црква, централен плоштад и шармантни мали продавници. Ништо особено впечатливо, може да се каже, сè додека не сфатите дека таму живеат повеќе стогодишници по глава на жител отколку на кое било друго место во светот.

Дури и еден од плоштадите се вика Пјаца Лонгевита, или Плоштад Долговечност. Сега во селото има девет стогодишници од 1.780 жители, што е признато како рекорд во Гинисовата книга.

Најмладата стогодишничка во Пердасдефогу е Анунзијата Стори, која го прослави својот трицифрен роденден во август. Таа се опишува себеси како „здрава како риба“. Енергична и весела, Анунзијата не зема никакви лекови и готви минестроне со домашно фрегулами, тесто од Сардинија.

Дали храната е тајната за долговечноста на локалното население? Пјетро Мереу, режисер на документарниот филм „The Centenarian Club“ (Клуб на стогодишници), вели дека луѓето на истокот на Сардинија имале тежок живот, но со многу помалку стрес отколку денес. Тие го следат ритамот на природата наместо постојано да се грижат за мобилните телефони или електронската пошта.

„До последниот ден се опкружени со членови на семејството“

Антонио Брунду потврдува дека земјоделството отсекогаш било главната работа овде. „Луѓето отсекогаш работеле на свеж воздух“, вели Бурду, кој со 104 години е најстариот во селото. Неговата кожа е сè уште затегната и малку исончана, а само предните заби кои му недостасуваат укажуваат на неговата возраст.

Салваторе Мура, историчар и општински советник, вели дека неколку фактори може да ја објаснат долговечноста на мештаните. Една од нив е генетиката. Покрај тоа, тие јадат храна која се одгледува „на растојание од нула метри“, односно во нивните градини.

Социјализацијата е исто така важна.

„До последниот ден тие се опкружени со членови на семејството. А тоа ги прави физички и психички здрави. Стоттиот роденден на жител во селото го слават сите заедно. Нема да има повеќе оваа година, но може да има следната.

Планирано е истражување

Келнерот Масимо, кој ги послужува гостите на централниот плоштад, Пјаца Европа, тврди дека „едноставниот начин на живот на Сардинија“ е заслужен за неговиот долг живот. „Тука не пијат лекови, се хранат здраво и живеат мирно“. Научниците исто така ќе се обидат да извлечат свои заклучоци за долговечноста на Сардинија.

Универзитетот во Сасари планира да секвенционира 13.000 примероци на ДНК од провинцијата Олигастро, објави неодамна Анса.

„Се надеваме дека ќе покажеме дека луѓето во Сардинија живеат добро, а тоа би било и начин да го ‘рекламираме’ нашиот регион“, рече проректорот Гавино Мариоти.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Чек дис аут

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more

Дали би се запишале на Академија за овчари?

Read more
 

Магазин

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе