Која е тактиката да ги убедите луѓето да носат маска?

Пензиониран ФБИ преговарач во заложнички ситуации, иследник, инструктор и експерт советува која е најдобрата тактика да ги натерате луѓето да носат маска во време на пандемија.

Пред пандемијата со COVID-19 се објаснувавме со луѓе дека Земјата не е рамна, дека треба да ги вакцинираат децата, дека Месечината постои и дека еволуцијата навистина се случила. Борбата продолжува на овие теми, но на списокот луѓе со кои се објаснуваме се приклучија оние кои едноставно не сакаат да носат заштитна маска во време на пандемија.

Многу е важно да сфатиме како размислуваат и функционираат овие луѓе пред да преминеме кон објаснување зошто треба да се заштитат себе си и луѓето околу себе.

Гари Нојснер, пензиониран ФБИ преговарач во заложнички ситуации, иследник, инструктор и експерт советува која е најдобрата тактика да ги натерате луѓето да носат маска во време на пандемија.

„Прво, што не треба да правите? Расправањето, претерано конфронтирање, навредлив и понижувачки тон и речник, потсмевање, омаловажување на нивната загриженост, несослушување на нивната верзија на приказната, непристојност, обид да се поставите како доминантен соговорник или сезнајко, закани...“, советува експертот.

„Трупањето факти и логички заклучоци исто така нема да помогне. Ние сме имале работа со луѓе кои држеле заложници. Она што сме го научиле е дека луѓето сакаат да ги слушнете, да ги сослушате и да ги разберете. Сакаат да се однесувате кон нив со почит и искреност. Потребно им е да имаат прилика да ја искажат својата загриженост, проблеми и став. Преговарачот мора да слуша и да го признае туѓото гледиште, без да се согласи или да не се согласи со него“, вели тој.

Успешното преговарање се остварува со покажување искрена заинтересираност да му се помогне на другиот на мирен начин да се реши кризата, а не да се наметне авторитет. Смирениот и емпатичен тон исто така помага многу, советува Нојснер.

Не може да влијаете врз нечие мислење или однесување само со тоа што ќе им кажете што да прават. Убедувањето бара напор и труд, однос заснован врз почит и разбирање. Ако се потрудите да ја сфатите перспективта на другиот, да останете смирени и неагресивни, полесно ќе допрете до другиот и ќе може да ги изложите својата страна, својот став и своите причини.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе