Која е вистината за Ѓоковиќ и зошто постојано e мета на критики?

Зошто никој не го сака Новак Ѓоковиќ? На Роџер Федерер му се восхитуваат дури и оние коишто не обожаваат тенис, но Ѓоковиќ постојано е мета на критики.

Светскиот рекет број 1 искрши два рекета во поразот од Пабло Карењо Буста на ЛОИ во Токио. Ова го означи крајот на Ѓоковиќ во остварување на Golden Slam, освојување на четири Грен слема и олимипско злато во истата година.

И шампионите имаат лоши денови, а овој пораз не го намали успехот и одличната година на Ѓоковиќ. Но и покрај неговите достигнувања, многу фанови се среќни за неговиот пораз. Во текот на целата негова кариера е мета на напади од публиката и медиумите. Заслужува ли да го третираат на таков начин?

Не е лесно да го сакате Ѓоковиќ. Понекогаш, откако ќе го победи противникот, се исмева на публиката која навива против него. Од друга страна пак, го подарува рекетот на детето кое навива за него, но медиумите како да не сакаат да го забележат тоа.

Ѓоковиќ исто така се извинуваше бидејќи организираше турнир во екот на пандемијата, додека сè уште траеше првиот бран кој заврши со неколку играчи позитивни на ковид, вклучувајќи го и него.

Без оглед на тоа како го нарекуваат неговите колеги, па и Пирс Морган кој го нарекува разгалено детиште, каква е вистината за Ѓоковиќ?

Надвор од теренот, Ѓоковиќ е многу пријатен и расположен. Со помош на неговата фондација собира и донира милиони долари за многу хуманитарни цели во Србија и светот. Само во овој период, неговото семејство донираше повеќе од милиони долари за набавка на медицинска опрема и респиратори во повеќе ковид-центри во Србија, иако беше обвинет дека го негира постоењето на вирусот и не сака да се вакцинира.

Зошто не го сакаат? За некои тениски навивачи тој е натрапник и како таков, се соочува со нешто што е многу полошо од обичен снобизам. Тој е момче од Балканот – не е грациозен како швајцарскиот шампион Федерер, ниту убавец како Шпанецот Надал, но и покрај тоа доминира на тенерените, постигнува огромен успех и е прв на листата.

Ѓоковиќ не е единствениот играч кој се нервира кога губи. Слични испади имаат и Серена Вилијамс и Роџер Федерер, но тие не се мета на критики од страна на медиумите како што е случајот со Новак. Зошто?

Новак е еден од најдобрите тенисери во светот, руши рекорд по рекорд. Тој е идол на многу млади луѓе во неговата земја и посветува време и пари за да им помогне. Многупати помага и се залага и за младите играчи кои допрва почнуваат со тенисот, но тоа минува незабележано. Па затоа, има многу причини поради кои луѓето треба да му се восхитуваат, а не да го критикуваат, иако понекогаш ги губи нервите на терен.

реклама

Маск му понуди 5.000 долари на тинејџер: Престани да ми го следиш авионот

Read more

Шах-мат од НАТО: Војна нема да има

Read more

Сателитски снимки открија што прави Русија на границата

Read more

Што е SWIFT и зошто може да биде оружјето од кое Русија најмногу се плаши?

Read more

Тенис

Медведев го исфрли Циципас и закажа финале со Надал

Read more

Надал избори финале на Австралија опен

Read more

Медведев со голем пресврт обезбеди полуфинале на Австралија опен

Read more

Циципас лесно до полуфиналето на Австралија опен

Read more
 

Спорт

Вејн Руни го одби Евертон, останува во Дерби Каунти

Читај повеќе
  • play_arrow

Холанд ќе чува крави кога ќе се повлече од фудбалот

Читај повеќе
  • play_arrow

Најсилното девојче во светот и денес крева тегови, но има нови цели

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон Фјури го потврди соочувањето со Вајт: Ќе бидеш унишен!

Читај повеќе

Медведев го исфрли Циципас и закажа финале со Надал

Читај повеќе

Надал избори финале на Австралија опен

Читај повеќе

Дардан Дехари - првиот тетовец што ќе настапи на Зимски олимписки игри

Читај повеќе

Откриено зошто Роналдо го блокирал Transfermarkt на Instagram

Читај повеќе

Еспортот стана официјален спорт во земјава

Читај повеќе