Која е врската помеѓу психопатите и проѕевањето?

Постојат многу знаци кои укажуваат дека некој е психопат. Имаат особини како површност, нарцизам, грандиозно чувство за себе, патолошко лажење, недостаток на вина и емпатија и многу други негативни карактеристики.

Истражувањето исто така покажа дека пријателството со бившиот партнер може да ве претвори во психопат.

Според студијата објавена во Personality and Individual Differences, истражувачите откриле дека постои врска помеѓу психопатите и проѕевањето.

Истражувачите од Универзитетот Бејлор собрале 135 испитаници, ги тестирале со помош на тестот „Инвентар на психопатска личност“, а потоа спровеле експеримент во кој ги изложиле субјектите на проѕевање.

Кога ќе видите како друго лице се проѕева, дали и вам почнува да ви се проѕева по само неколку секунди? Колку долго издржувате без проѕевање? Првите 5 секунди? Или сè до крај? Ако и вие сте се препуштиле на проѕевање по или во тек на туѓото проѕевање - честитки! Вие не сте психопат. Но, ако не сте издржале, би можеле да бидете психопат.

Што е проблемот?

Според истражувачите, тоа има директна врска со емпатијата. Еден од знаците дека сте психопат е недостатокот на емпатија кон другите луѓе.

Познато е дека емпатијата е еден од клучните психолошки фактори што може да доведе до зараза со проѕевање.

Претходните истражувања го забележале истиот недостаток на емпатија кај децата со аутизам (сепак, тоа не значи дека аутистичните поединци се психопати, туку само значи дека тие имаат помала веројатност да се проѕеваат).

Истражувачите тестирале многу повеќе од само недостаток на проѕевање кај испитаниците.

Тие исто така тестирале колку лесно се плашат (психопатите многу тешко се плашат). Колку е помала веројатноста дека некој ќе се исплаши, толку е помала веројатноста дека ќе се проѕева.

„Се разбира, ова не е дијагностичка алатка за психопатијата, но тоа е интересна врска која покажува како овие особини на личноста влијаат на различните однесувања на неочекувани начини“, вели професорката и научник, Џенифер Голбек.

Така да можете да се опуштите. Само затоа што не сте се проѕевале кога сте виделе како некој друг се проѕева, не значи дека ќе почнете да готвите човечко месо како Ханибал Лектор.

Веројатно едноставно значи дека не сте сочувствителни, дека не дозволувате чувствата да влијаат на вашите одлуки и да ви се мешаат во работата.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Живот

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more

Колку често треба да се перат пижамите?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more
 

Магазин

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе

Италијански готвач открива: Кога се посолува водата за варење тестенини?

Читај повеќе

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Читај повеќе
  • play_arrow

Како брзо да проверите дали на вашите растенија им треба вода?

Читај повеќе