Која храна го намалува крвниот притисок?

Високиот крвен притисок е фактор на ризик кој нема специфични симптоми, па затоа треба редовно да се контролира.

Има храна и природни лекови кои помагаат да го одржиме притисокот во нормални граници.

За да го избегнете проблемот со високиот крвен притисок, треба да јадете храна со низок процент на сол, а нутриционистите предупредуваат дека оваа болест се бори со помош на три моќни минерали: калциум, магнезиум и калиум.

Грав

Гравот содржи значителна количина на калциум, магнезиум и калиум, кои благотворно делуваат на крвниот притисок. Може да јадете грав како додаток во салата или да го подготвите како пире.

Јогурт

Овој млечен производ е одличен извор на калциум и други минерали кои позитивно влијаат на здравјето на луѓето. Започнете го денот со јогурт, но искористете го и за подготовка на нискокалорични преливи за салати и јадења со месо.

Киви

Покрај тоа што е богато со витамин Ц, кивито ќе помогне и во намалување на крвниот притисок. Најдобро е да се јаде свежо киви и во овошни салати.

Праски

Праските се омилено летно освежување за многумина. Исто така, добро е да се знае дека содржат многу хранливи витамини и минерали, корисни за здравјето на луѓето. Најдобро би било да ги јадете свежи или да направите смути од нив.

Банани

Со една банана со средна големина ќе задоволите 12 проценти од дневните потреби за калиум. Ова егзотично овошје е и одличен сојузник во борбата против стресот. Кога бананата ќе стане темна и презрела, не мора да ја фрлате. Замрзнете го и имате леден десерт.

Кељ и брокула

Овој лиснат зеленчук се нарекува суперхрана бидејќи има многу вредни антиоксиданси и во исто време многу малку калории. Младиот кељ најдобро се јаде како салата или на пареа.

Исто така, сто грама варена брокула на пареа ќе задоволат шест проценти од дневните потреби за калциум, осум проценти за магнезиум и 14 проценти за калиум. Овој зеленчук е богат и со антиоксиданси кои го штитат здравјето, па дефинитивно треба што почесто да се вклучува во менито.

реклама

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Уште една земја го призна Косово

Read more

Скокнаа цените на нафтата

Read more

Здравје

Храна што може да го намали ризикот од рак на желудникот

Read more

Како да го зајакнете имунитетот со едноставни промени во исхраната?

Read more

Најевтината храна за појадок го намалува холестеролот и дава енергија

Read more

Што се случува во телото по само пет дена јадење брза храна?

Read more
 

Магазин

Храна што може да го намали ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе
  • play_arrow

8 најдобри вежби за поголеми и посилни мускули на нозете

Читај повеќе
  • filter

Најдобрата дестинација во Европа за женско соло патување оваа пролет

Читај повеќе
  • filter

Се продава венчаницата што Меланија ја носеше на свадбата со Доналд Трамп пред 20 години

Читај повеќе

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереалниот план за лебдечки аеродром во Лондон вреден 76 милијарди долари

Читај повеќе

Две промени што треба да ги направите ако сте престанале да слабеете

Читај повеќе
  • play_arrow

Пилешко со компири во слатко-кисел сос

Читај повеќе
  • play_arrow

Урнебесни одговори: Mладите белграѓани не знаат кој бил Тито

Читај повеќе