Која храна не треба да се јаде по истекот на рокот?

Голем дел од прехранбените производи имаат рокови на траење кои многу често се погрешно сфатени. Тие означуваат до кога производот е најдобар за употреба, но на ниту еден производ не пишува дека тој е неупотреблив по запишаниот датум. Сепак, постојат намирници кои не треба да ги консумирате по истекот на рокот.

Некои намирници може да предизвикаат здравствени проблеми доколку не ги почитуваме правилата за нивна употреба. 

Млечни производи

Млечните производи како што се сирење, јогурт, млеко, путер итн. го зголемуваат ризикот од труење со храна. Ова може да се објасни со фактот дека млечните производи не подложат на термичка обработка која ги уништува штетните бактерии. Доколку јадете млечни производи со поминат рок може да добиете салмонела, листерија, ешерихија коли.

Јајца

Свежите јајца можат да стојат во фрижидер од три до пет недели. Значи, имате доволно време за да ги потрошите. Јајцата на коишто им е поминат рокот, може да бидат токсични.

Свежи сокови

Свежо исцедените сокови се многу вкусни, но и многу опасни ако не ги испиете брзо – за два или три дена најдолго. Многу се подложни на бактерии, за разлика од преработени сокови кои се пастеризирани.

Месни преработки

Откако ќе ги отворите - изедете ги за три дена. Доколку забележите дека шунката станала леплива, а колбасот ја сменил бојата, фрлете ги. Месните преработки се склони кон бактеријата листерија, а која е отпорна на ниски температури па може да се размножи во вашиот фрижидер.

Риба

Како и секое друго месо, рибата е поподложни на бактерии, затоа треба да се изеде за ден или два по купувањето. Во спротивно, завиткајте ја рибата во фолија и ставете ја во замрзнувач. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе