Која храна придонесува за развој на канцер на рана возраст?

Нутриционистот и епидемиолог Јоханес Мелаку вели дека строго им забранува одредени намирници на своите пациенти бидејќи, како што тврди, придонесуваат за зголемена инциденца на рак на рана возраст.

Имено, бројот на дијагнози на рак кај луѓето помлади од 50 години е значително зголемен во последните децении, а научниците истакнуваат дека голема улога во тоа имаат и прехранбените навики.

„Откривме бројни директни врски помеѓу лошата исхрана и гастроинтестиналниот карцином. Нездравите навики во исхраната, кои вклучуваат висок внес на црвено и преработено месо, брза храна, рафинирани житарки, алкохол и засладени пијалоци, се поврзани со зголемен ризик од рак на гастроинтестиналниот тракт“, рече тој.

Мелаку и неговиот тим анализирале податоци од 28 различни студии за навиките во исхраната и ракот на дигестивниот систем. Иако некои студии покажаа спротивставени резултати, повеќето докази сугерираат дека здравите навики во исхраната значително го намалуваат ризикот од рак.

Со прегледување на податоците на повеќе од 97.000 луѓе, тие утврдиле дека исхраната богата со влакна и незаситени масти го намалува ризикот од рак на дебелото црево.

„Со оглед на тоа што ракот на дигестивниот систем станува се почест кај помладите од 50-тите години, време е да се дејствува за да се заштити дигестивното здравје на населението. Нашето истражување покажува дека едукацијата за исхрана и промовирање на здрави модели на исхрана се клучни за намалување на ризикот од рак и подобрување на општото здравје“, заклучува Мелаку.

Одредена храна поттикнува воспаление

Научниците веруваат дека исхраната влијае на ризикот од рак преку процеси како што се хронично воспаление со низок интензитет и интеракции со цревната микробиота. Исхраната богата со антиоксиданси, како што се бобинки, зелен лиснат зеленчук, јаткасти плодови, ленено семе, куркума, ѓумбир, лук, агруми, масна риба и интензивно обоени зеленчуци, има силно антиинфламаторно дејство.

Од друга страна, Мелаку истакнува дека црвеното месо, зашеќерените пијалоци и рафинираните јаглехидрати како белиот леб и преработената храна поттикнуваат воспаление и го зголемуваат ризикот од отпорност на инсулин, што пак го активира факторот на раст IGF-1, кој е поврзан со ризикот од рак.

Професорот Чарлс Свантон, главен клиничар во Cancer Research UK, додава дека промените во начинот на живот и исхраната, заедно со порастот на дебелината, придонесуваат за порастот на раните случаи на рак. Генетиката, подобрувањата во дијагностиката и улогата на микробиотата исто така може да играат значајна улога.

Д-р Апарна Парик, онколог и професор по медицина на Медицинскиот факултет Харвард, забележува: „Порастот на случаите на ран рак на дебелото црево е резултат на голем број фактори, вклучувајќи ја исхраната, влијанијата врз животната средина и карактеристиките на микробиотата. Подлабоко разбирање зошто бројот на пациенти се зголемува ќе ни помогне поефективно да интервенираме и да ги идентификуваме пациентите во ризик за навремени прегледи. Со развивање стратегии за проценка на ризикот и спречување на ран рак, можеме да изградиме поздрава иднина за новите генерации“.

реклама

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Путин игра на картата – крај на војната: Услови за Украина кои би означиле траен крај на конфликтот

Read more

Македонија и Бразил сензација на стартот на Мундијалот

Read more

Здравје

Што се случува со телото ако ги исфрлите млечните производи од исхраната?

Read more

Клучот за намалување на ризикот од рак на дебелото црево е во вашиот фрижидер

Read more

Рани знаци дека на вашето тело му недостасува витамин Ц

Read more

Страдате од главоболки? Можеби имате недостаток на клучна хранлива состојка

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Класика за сите непца: Вкусен сатараш со тиквички и телешко

Читај повеќе

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Читај повеќе

Зимски прошетки и кучиња: Дали е неопходна јакна за вашето милениче?

Читај повеќе

Што се случува со телото ако ги исфрлите млечните производи од исхраната?

Читај повеќе

Клучот за намалување на ризикот од рак на дебелото црево е во вашиот фрижидер

Читај повеќе

Два хороскопски знаци што ќе бидат љубезни кон другите, само ако имаат задни намери

Читај повеќе

Пет предупредувачки знаци дека јадете премногу јаглехидрати

Читај повеќе

Пеглата на пареа е корисна и во кујната

Читај повеќе

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Читај повеќе