Која земја го измислила фудбалот?
Англичаните тврдат дека нивната земја е лулка на фудбалот. Но, тие само ги напишале првите правила. Фудбалот се играл многу пред овие островјани да земат перо и да одредат како точно ќе се игра.
навистина е тешко да се одреди кој народ го измислил фудбалот како спортска игра. Пред Англичаните да ги постават модерните правила, фудбалот постое со векови, па и со милениуми. Многу древни народи практикувале игра страшно слична на фудбал, но со различни правили, а и со многу поинаков број на играчи во една екипа. Игри налик на фудбалот се играле во Средна Америка, Кина, Грција, Јапонија, Рим, Јужна Америка... па како тогаш да се одреди кој го измислил фудбалот? А, мора да фудбалот да го препишеме на само еден народ?