Која земја од ЕУ ја има најниската минимална плата?

Најниската минимална плата во Европската унија за месец јануари беше регистрирана во Бугарија, велат податоците обезбедени од европската статистичка служба Eurostat.

Во првиот месец од оваа година Бугарите имаа најниска минимална плата од сите земји-членки на Европската унија, и таа изнесуваше 261 евро.

Нешто повисоки минимални плати во Унијата имаат Литванија и Романија, каде тие изнесуваат 400, односно 408 евра. Според податоците од Eurostat може да се забележи дека минимални плати во износ од околу 500 евра имаат примарно земјите од источна Европа.

Голема разлика може да се види во минималните плати на двете екс-Ју земји кои се дел од ЕУ, Хрватска и Словенија. Минималната плата во Хрватска изнесува 462 евра, што е значително повисоко ниво од ситуацијата во Македонија, но Словенија ги надминува сите очекувања и таму минималната плата е 843 евра.

Највисоки минимални плати во Европската Унија имаат Ирска и Луксембург, а не заостанува многу ниту Холандија. Ирците кои работат за минимална плата заработуваат 1.614 евра, Холанѓаните 1.578 евра, додека во Луксембург таа изнесува дури 1.999 евра. За споредба, федерално прифатената минимална плата во САД изнесува 1.048 евра.

Мора да напоменеме дека некои од земјите-членки на ЕУ не се дел од ова истражување бидејќи тие немаат законски пропишана минимална плата. Се работи за Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Read more

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе