Кокаин вреден 15 милиони евра најден на дното на Балтичкото Море

Полските граничари откриле повеќе од 100 килограми кокаин на дното на Балтичкото Море за време на операции за заштита на критичната подводна инфраструктура, објавено е денес.

Седум лица се уапсени во случајот со запленетата дрога. Граничарите навеле дека на црниот пазар би можела да достигне вредност и до 60 милиони злоти или околу 15 милиони евра.

Земјите на Балтичкото Море се во состојба на подготвеност кога станува збор за инциденти кои се однесуваат на критичната подводна инфраструктура, а НАТО вети дека ќе го зајакне присуството во тоа подрачје по повеќе инциденти во текот на кои таквата инфраструктура претрпела штета која се смета за сомнителна.

Remote video URL
Низа инциденти во Балтичкото Море

Дрогата е пронајдена на морското дно во подрачјето на Гдањскиот Залив. Дополнително е откриено местото каде што се пронајдени наводните сторители, што довело до откривање на дополнителна количина дрога. Властите рекле дека, доколку бидат прогласени за виновни, притворените би можеле да добијат казни затвор во траење и до 20 години.

Од крајот на 2022 година во Балтичкото Море се случи низа инциденти кои ја погодија клучната европска инфраструктура на неговото дно, вклучувајќи гасоводи и електрични и телекомуникациски кабли, што го отвори прашањето за саботажи.

Поправките на подводната инфраструктура може да траат со месеци и чинат и повеќе милиони евра, а дури и помалите прекини може да предизвикаат сериозни нарушувања - од оневозможување на интернет купување до прекини во телекомуникациите. Заштитата на подводната инфраструктура е од исклучителна важност бидејќи повеќе од 95 отсто од глобалниот интернет сообраќај се одвива преку подводни кабли.

реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Кривични за директор и членови на комисии од Охрид и од Струга

Read more

Свет

Турција гори, илјадници граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир

Read more

Германија заплени танкер со руска нафта во вредност од 40 милиони долари

Read more

Драма во унгарскиот парламент по усвојувањето на законот за забрана на Парадата на гордоста

Read more

Трамп очекува договорот за минерали со Украина да се потпише „многу брзо“

Read more
 

Вести

ЗНМ: Неприфатлива е хајката на социјалните мрежи против Митовски

Читај повеќе

За 5 часа поради низа неправилности затворени се 16 угостителски објекти во Тетово и Гостивар

Читај повеќе

Македонија е со најниска просечна плата во Европа

Читај повеќе

Мирни собири за оддавање почит и барање одговорност за трагедијата во Кочани

Читај повеќе

На државава ѝ фалат инспектори, во ДПИ има само 40 за сите градови

Читај повеќе

За трагедијата во Пулс тројца поранешни градоначалници на Кочани и уште 21 лице завршија во 30-дневен притвор

Читај повеќе

Возел низ Скопје со над 100 км/ч и без важечка возачка дозвола

Читај повеќе

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Читај повеќе

Денес врнежи од дожд и умерен ветер

Читај повеќе