Кокино добива нови патоказни и информативни табли

Локaлната акциска група АБЕР 2015, во соработка со НУ Музеј Куманово, преку донација добиена од Амбасадата на Република Франција го заврши проектот за подобрување на визибилноста на архео-астрономскиот локалитет Кокино, информираа денеска надлежните.

Фото: Филип Здравески / Кајгана

За таа цел, како што информираше археологот Дејан Ѓорѓиевски, биле подготвени пет нови табли (патоказни и информациски) кои значително ја олеснуваат посетата на Кокино, особено за странските туристи, кои постојано апелираа да се подобри патната сигнализација. Преку оваа донација, активен е сајтот за Кокино: www.visitkokino.com, на кој се наоѓаат основните информации за вредностите на овој локалитет и можностите за негова посета. Активирани се мобилните апликации за аудио-водење на локалитетот, додека за сите оние кои се заинтересирани за посета со водич, може да се обратат во НУ Музеј Куманово или да резервираат водич на сајтот www.kokino.mk.

Една од старите табли; Фото: Филип Здравески / Кајгана

– Апелираме посетителите да се придржуваат до препораките за посета на локалитетот, како и до протоколите за посета утврдени со одлука на Министерството за култура. Воедно, апелираме и до месното население да не ги оштетува или уништува патоказните табли, затоа што руралниот развој преку културниот туризам е од интерес на сите нас, вели Ѓорѓиевски.

Тагови
реклама

Долго чувана тајна: Србите погодиле и втор F-117 за време на бомбардирањето на НАТО

Read more

Кинески виролог предупредува: Нови видови коронавирус се закана за луѓето

Read more

Ноќеска регистриран земјотрес во скопското епицентрално подрачје

Read more

Непознат објект прелета покрај Земјата, научниците не знаат што е

Read more

Култура

Делчево го доби првиот Музеј на олдтајмери

Read more

Откриени нови археолошки локалитети во Охридското Езеро

Read more

27 ноември 2018, почина Горан Стефановски

Read more

Изложба на фотографии „50 Нијанси воздух“  во еко-автобусите на ЈСП

Read more

Вести

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 881 пациент, има слободни кревети

Читај повеќе

Каракачанов се согласи со Заев: Власта во Бугарија била со Хитлер, но тоа не значи дека Бугарите се фашисти

Читај повеќе

Филипче: Ремдесивир и Фавира да се земаат само во консултација со лекарите

Читај повеќе

Еден загинат и тројца повредени при излетување на возило од автопатот Куманово -Скопје

Читај повеќе

Оружје и муниција пронајдени при претрес во селата Чифлик и Ржаничино

Читај повеќе

Бајден: Вакцинацијата во САД нема да биде задолжителна

Читај повеќе

Изречени 540 санкции за неносење маска

Читај повеќе

Сончево со слаб ветер, по котлините магла

Читај повеќе

Ноќеска регистриран земјотрес во скопското епицентрално подрачје

Читај повеќе