Пионер во светот на модата, дизајнерката Габриел Бонеро - Коко Шанел, една од жените кои ја револуционизираа модата.

Коко го посвети својот живот на модата и дизајнот, имаше едноставни модни правила кои денес останаа запишани како револуционерни.
Беше генијална дизајнерка, а остана запаметена првенствено по парфемот CHANEL N°5, кој беше лансиран во 1923 година, како и костумот Шанел кој се состои од здолниште до колена и сако.
Иако здолништата постоеле и пред неа, Коко Шанел ги направи стандард. Таа сметаше дека едноставноста е клучот за вистинската елеганција. Покрај парфемите и костумите, Коко Шанел ја промени модата и со овие пет револуционерни правила.
Женски панталони
Порано, панталоните ги носеа само мажите, а Коко Шанел сметаше дека корсетите во фустаните не им даваат на жените доволно мобилност и слобода. Така, во една прилика кога тргнала на јавање, сфатила дека не може да јава во здолниште, па му ги соблекла панталоните на јавачот и ги облекла на себе.
Мал црн фустан
Сакала да создаде парче облека кое сите жени ќе можат да си го дозволат, кое нема да мора постојано да го купуваат и кога и да го облечат да изгледаат модерно. Така е создаден малиот црн фустан, кој е едно од парчињата кои „не го губат сјајот“ од неговото претставување во 1928 година. Малиот црн фустан го популаризира големата актерка Одри Хепберн. Малиот црн фустан може да се носи преку ден, но и за вечерно излегување - сѐ зависи од додатоците.

Бижутерија
Таа е жена која често ја гледале со куп лажни бисери и кристали. Таа сакаше да дизајнира парчиња кои сите жени можат да си ги дозволат.
Маица на морнарски пруги
Гледала француски рибари како носат облека на пруги, па решила во женската мода да ги воведе бело-сините пруги, кои подоцна биле пренесени на сите останати парчиња облека.
Исончан тен
Некогаш исончаниот тен се поврзуваше со работничката класа, а таа еднаш се исончала на плажа во Франција и кога се вратила во татковината, сите се восхитувале на нејзиниот тен, кој изгледа засекогаш ќе остане популарен.