Колач од чоколада

Подгответе вкусен десерт, колач од чоколада.

Состојки:

За пандишпан:

4 јајца

100 грама шеќер

200 грама маргарин

100 грама чоколада за готвење

60 грама брашно

1 кесичка прашок за печење

За глазура:

500 мл слатка павлака

200 грама чоколада за готвење

1 лажица шеќер

Подготовка:

Ги одвојуваме жолчките од белките. Белките ги матиме со миксер додека не станат цврсти и ги тргаме настрана, во друг сад ги матиме жолчките и шеќерот додека да станат пенести.

На оган го топиме маргаринот и чоколадата за готвење и ги додаваме во смесата со жолчките, потоа го додаваме брашното и прашокот за печење.

Целата смеса добро ја матиме со миксер, па на крај ги додаваме изматените белки и рачно матиме. Тавата за печење ја премачкуваме со маргарин, ја истураме измешаната смеса и печеме во загреана рерна 20 минути на температура од 180 степени.

Во сад на оган ја ставаме слатката павлака, чоколадата за готвење и шеќерот, потоа  непрекинато мешаме и чекаме смесата да се растопи, а потоа ја преливаме растопената глазура врз изладениот пандишпан.

Целиот колач го ставаме во ладилник за да се излади неколку часа, потоа го сечеме колачот и сервираме.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Рецепти

Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Read more

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Read more
 

Магазин

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе