Рецепти

Колач со пудинг, плазма и овошје

23. август 2019 - 11:12 | М.С.

Овој колач се подготвува брзо и лесно, единствено водете сметка дека треба да отстои во фрижидер.

Состојки:

Половина килограм плазма

220 гр. крем сирење (омекнете го на собна температура)

Две кесички пудинг од ванила

Две и пол шолји ладно млеко

300 гр. шлаг

Три шолји свежи јагоди

Шолја и пол боровница

60 гр. бело чоколадо

Начин на подготовка:

Изматете го шлагот и оставете го на страна.

Изматете го крем сирењето со пудингот и матете додека да се соединат, а потоа додајте млеко. Постепено додавајте го претходно изматениот шлаг.

Откако овие состојки ќе ги изматите, наредете ја плазмата на дното од тавчето па одозгора намачкајте слој од смесата со пдингот. Посипете јагоди и боровници, ставете еден слој плазма, слој од смесата со пудинг, па повторно овошје, и оваа постапка повторете ја уште еднаш- треба да имате три слоја плазма, фил и овошје.

Оставете да се излади најмалку четири часа во фрижидер, а пред да послужите растопете бело чоколадо и украсете го колачот одозгора. За подготовка на овој десерт може да користите и некое друго овошје по желба.

Коментирај