Колекцијата автомобили на Пол Вокер продадена за 2,33 милиони долари

Дваесет и едно возило од приватната колекција на покојниот актер Пол Вокер беа продадени на аукција во Аризона за вкупно 2,33 милиони долари.

Во завидната збирка на актерот од филмската франшиза Fast and Furious имаше неколку примероци кои се сметаат за навистина ретки, особено ако се одржани во добра состојба.

На аукцијата Barrett-Jackson што се одржа од 11 до 19 јануари во Скотсдејл, Аризона некои од возилата се продадоа по исклучително добра цена, како Alpine White 1995 BMW M3 Lightweight што се продаде за 385.000 долари на последниот ден. Произведени се само 126 вакви примероци.

Во завидната колекција што вбројува автомобили, пикапи и мотоцикли, има седум BMW M3 модели, односно два E30 M3 и пет E36 M3 Lightweight примероци. Повеќето од автомобилите се тјунирани за да имаат повисоки перформанси од фабричките.

Во колекцијата на Вокер има фантастични модели од кои најстарите имаат и по 50-тина години, што е најдобар пример за неговиот исклучителен вкус.

„Луѓето плаќаат премиум цени за неговите автомобили, тоа е јасно“, изјави Џонатан Клингер, портпарол на осигурителната компанија Hagerty.

„Со овие цени, покојниот актер ќе важи за следниот Пол ЊУман во категоријата славни личности кои имале завидни колекции на автомобили.“

Тој додава дека за некои колекционери, посебно била примамлива комбинацијата од квалитетно возило и приказната зад него, односно фактот дека претходно го поседувал Пол Вокер.

Меѓу фаворитите беше модифицираниот Nissan 370Z што се појави во франшизата „Fast and Furious“. Се продаде за 105.600 долари.

Тркачкиот автомобил Ford Boss 302S од 2013 година кој Вокер го добил на подарок и никогаш не бил изведен на тркачка патека, се продаде за 95.700 долари.

Вкупната заработка од аукцијата ќе биде префрлена во фондот за ќерката на Вокер, Медоу. Таа е одговорна за фондацијата основана во негова чест.

Пол Вокер загина на 30 ноември, 2013 година во сообраќајна несреќа, кога имаше само 40 години.

Комплетната колекција возила на Пол Вокер што беше ставена на аукција ја сочинуваат:

Chevrolet Nova Wagon (1963)

Chevrolet Chevelle Wagon (1964)

Chevrolet II Nova (1967)

BMW M3 E30 (1988)

Nissan R32 Skyline Race Car (1989)

BMW M3 E30 Coupe (1991)

BMW M3 E36 Lightweight (1995)

BMW M3 E36 Lightweight (1995)

BMW M3 E36 Lightweight (1995)

BMW M3 E36 Lightweight (1995)

BMW M3 E36 Lightweight (1995)

Ford Bronco SUV (1995)

Audi S4 (2000)

Ford F250 Pickup (2003)

GMC Sierra 1500 Pickup (2004)

Harley-Davidson RS мотоцикл (2005)

Toyota Tundra Pickup (2006)

Suzuki мотоцикл (2008)

Nissan 370Z (2009)

BMW мотоцикл (2011)

Ford Mustang Boss 302S тркачки автомобил (2013)

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе