Колекционерски сон: Corvette C3 од 1971 година
Третата генерација на Corvette е популарна меѓу ентузијастите, а особено Corvette Stingray од 1971 година. Токму ваков примерок е ставен на продажба.
Иако автомобилот е стар 50 години, има поминато само 2.155 километри. Зошто го поминал поголемиот дел од својот живот во гаражата засега не е познато, но дефинитивно изгледа фантастично.
Внатрешноста е исто така добро зачувана, но на црните кожни седишта се гледаат пукнатини. Автомобилот има серво управувач, електрични контроли за прозорците, AM/FM радио...
Под хаубата се наоѓа 5,7-литарски LT-1 V8 мотор познат како „Turbo Fire“, кој развива 330 КС и е поврзан со четиристепен рачен менувач преку кој се пренесува моќност на задните тркала.
Продавачот вели дека ова е вистински дел од историјата на моделот Corvette и вистинска временска капсула чија вредност постојано ќе расте.
Резервната цена на овој колекционерски сон на аукцијата е 67.713 евра.